Зборник на Миладиновци/ 262 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
261 песна 262 песна

од Браќа Миладиновци
263 песна
на современ македонски правопис



Везала Јана бела махрама,
Време везала девет години,
Не је стигнало свила коприна,
Свила коприна и сухо злато.
Ја прок'лнала Јанина мајка:
„Еј Јано, Јано, еј мила керко!
Навезала је, не кердосала,
Ни кука збрала, ни чедо стекла,
Дури не појдиш кај црно море,
Да ми чуеш где риба пеит,
Где риба пеит, где мрамор ѕунит.”
Како ја Јана мајка прок'лна,
Така ја Јана клетва ватила,
Навезала је, не кердосала,
Ни кука збрала, ни чедо стекла.
И ми отишла, кај црно море,
Да и ми чуло где риба пеит
Где риба пеит, где мрамор ѕунит.
Да и си зела камен мраморен
Да го носила девет месеци;
Камен повила, камен развила,
Камен пак камен, студен пак студен.