Зборник на Миладиновци/ 232 песна

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јана 232 песна

од Браќа Миладиновци
Марко и Цвета
на современ македонски правопис


Разболил се Русо книџовниче,
Време леже до девет години,
Искинал Русо до девет постели,
До девет постели до девет озглави,
И ми го прашташе Русоата мајка:
„Русе ле мили, што си ми грешен,
Што толку страдаш, што толку лежиш?”
„Мајко ле мила, ој моа мајко!
Јас ништо грехок не знам да имам,
Кога бехме деца аџамии,
Отидофме в црква на закона,
Што имаше до два пресни гробје!
Си дружина коњи си врзаа,
Коњи си врзаа за т'нка мacлинa,
Јас коња врзах за момин кивур,
Коњ се потресе, киур се повлече,
Та се поглеа момино лице;
Тоа не било момино лице,
Тук' ми била света Неделица.
Викни ми, мајко, до девет попој,
Да ми пеет простена молитва,
Бељки ке умрам, бељки ке станам.”