Зборник на Миладиновци/ Стојна и ајдути
Митре Буљук-баши | Стојна и ајдути од Браќа Миладиновци |
Мома Буљукбаш |
на современ македонски правопис |
Мори Стојно, тенка Стојно!
Дали си чула, разбрала,
Оти дошле арамии
Арамии во селото?
Секој дочу, секој разбра,
Сите чуха, разбегаха,
Тенка Стојно не је чула,
Ни разбрала, ни бегала.
В к'шти Стојно леп си пече,
Та дојдока арамите,
Арамите, кесеџите
Голи, боси како оси,
Гладни, жедни како псета.
Те фатиха тенка Стојно
Те фатиха, те питаха:
„Мори Стојно, тенка Стојно!
Кажи, Стојно, имањето
Свекорово, свекрвино!”
Она веле и говоре:
„Арамии, мили брака!
Јас скоро сум дојдена,
Да не си знам имањето
Свекорово, свекрвино.”
Тогај вељат арамите:
„Мори Стојно, тенка Стојно!
Лели си скоро дојдена,
Чи је оно м'шко дете.
Што си спие в колебката?”
Тогај веле тенка Стојна:
„Арамии, мили брака!
Това ми је јатарвино,
Јатарвино, деверово?”
Бог да биет арамии,
Што фатиха да те м'чат.
Та огореа, тенка Стојна,
Огореа пиростиа,
Ја кладеа на шијата,
Та узеа горен вршник,
Та кладеа на главата,
Ем те м'чат, ем те питат:
„Кажи, Стојна, имањето!”
Та се уме тенка Стојна,
Та се уме, та се чуде,
Судни м'ки не се трпат,
Не се трпат, не се трајат
Тогај веле и говоре:
„Арамии, мили брака!
Ке ви кажам имањето
Свекорово, свекрвино,
Грошевите в кошовите,
Бешлиците в шиниците,
Двојаците в бардаците,
Дребни аспри в кесината.”
Ти собраа, тенка Стојна,
Ти собраа имањето,
Те закараха да навалиш
Да навалиш силен oгин,
Да испечеш м'шко дете,
Те накараха да го јадиш.
Ка г' изеде, тенка Стојна,
Најпосле и теб' заклаха.