Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Преданија

Од Wikisource
Игри Преданија

од Браќа Миладиновци
Сопствени народни имиња
на современ македонски правопис


Цар Александ’р. Цар Александ’р сакаше да ходит да земит безсмртна вода. Но кој одеше никој не сe врашташе назад; зашто дури да стигнит некој до неа, требеше да п'туват три дни все во ношна темнина, во која љуѓето се заскитвеха, и не можеха да се вратат на бел ден. Цар Александр зеде со себе си кобили и ждребина. Во темнината врза кобила; и в растојање, што можит да се чует гласот, врза ждребе; потамо кобила, после ждребе, и така подалеку дури стигна до безсмртната вода, која стоеше меѓу две планини, кои се отвораха и затвораха. Тој со голема брзина нацрпи едно шише, и пo гласовите от кобилите и ждребината, кои 'ржеха, нахожвеше п'тот, и така се врати на бел ден. Шишето остави на прозорецот за да се напиет утрината во недеља; и нар'ча на сестра му, да вардит, да не некако истурит беземртната вода. Сестра му метештем не догледа, и скрши шишето. Цар Александр кога чу това, страшно се наљути; а сестра му избегвеештем љутината негова, се фрли во море и се престори делфин, кои, кога чует Александровото име, се криет в морските глобини.

Охрид. Вељат че, кога се правеше Охридската крепост, Јустинијан се качи на ридовите, на кои лежит градот, и гледаештем прелепото местоположење, извика ох рид, т.е. ох, каков хубав рид. И од тога остана да се викат градот Охрид (Охрит).

Охридско езеро. Вељат, че Охридското езеро понапред не било и че дното му беше било широка долина, разсеана од села. Стреде долината бил источник, кои се отворал и се затворал, и од кои пиеле вода, и си переле кошули. Една жена, како прала к'м квечерина, заборави да затворит источникот. Водата течела с'та ношт; и кога утрината станаха, видоха долината покриена со вода. Не имаештем надежда да затворат источникот, поспешиха да се спасат на ближните планини. Така се направи сегашното езеро. Вељат че кључевите од езерото сет под планинчето, над кое направен је обитељот од св. Наум, кога верват чувач на кључовите, кои ако се отворат, потопват с'то Охридско и Струшко поле. Оште вељат, че това езеро имат сообштење со Преспонско го кое верват, че под планината Галичица втеквит в Охридското, и че, кога се запнит това сообштење, Преспонското езеро потопвит ближните места. Најпосле вељат, че това езеро је глобоко до неизмервење, и че никој не можит да го измерит. Некога една жена, не слушаештем та`кви зборови, нап'лнила чун со сиџим, врза на крајот железо, и појде стред езеро, да го измерит. Но тога се кренаха високи бранови кои без малу ке ја потопеха. Таја со горешто каење се помоли на св. Наум, да ја простит, и се обешта да направит манастир на това место, к'де ке излезит. Вистина к'де таја излезе направи манастир Св. Заум, т.е. за ум направен.

Два браќа. Близо до св. Заум имат две камења, кои вељат че, беха два брата. Овие за нешто се скараха, се збиха, и обајцата се опраха; и господ ги престори на камења, близу до кои камчината уште сет црвени од крвта им.

Панѕур. Това је место на западното ребро од Галичица планина над Охридското езеро. Вељат че тамо болгарските цареви држале панѕурлија војска до четересет хиљади, и од тога остана да се викат Панѕур.

Свети-Климентова стапаљка. В Охрид имат камен над кои сет вглобени петички стапаљки од скорни, кои вељат, че беха од св. Климент.

В'лчеа јама. Надвор од Охрид в Месокастро имат дупка, во која можит да се ходит под земја. Таја, вељат, се отвори од свети Георгија, кои удри на това место со м'здракот, и од кога стоит н'тре образ. Други вељат че таја беше направена од болгарските цареви за нихните им потреби во воено време. Вељат уште, че таја износвит под земи на св. Петка (манастир).

Воден. Воден град, к'де се закопвеха македонските цареви, окрепен од природата, вељат че, во време од некоја војна, беше се презел од непријателите, после д'лго опколисвање, со помошта од козите, кои им показаха скришно п'тче, по кое тие обикновено се качвеха, и по кое непријателите влезоха в крепоста.

Како Турците презедоха Прилеп. Кога Турците дојдоха, Прилепчаните се затвориха во крепоста, која носит име Маркови кули. Турците ги обколисаха, и много време ги биха, без да можат да преземат крепоста. Најпосле обколисаните, немаештем што да јадат, ноште изпразниха крепоста, во која оставиха тап'н, кои сам биеше на ветар. Турците, думаештем че, обколисаните готват војска за да ги удрат, три дни преседоха со оружјето в р'це, чекаештем нападвење; дури стара баба им каза че, крепоста је празна, и че тап'нот сам биет на ветар. Тога Турците влезоха во крепоста.

Маркови бочви. Не далеку од Охрид имат планинче Г'бавци, над кои биле Маркови к'шти, во кои Марко си држал вино. Едношка се вруши бочвата му, и виното истече по планинчето, кое од тога остана црвено. (На това планинче је манастирче от св. Геразма).

Маркова нога. Не далеко од Охридскота езеро в Струшките лозја, се находвит камен, кои се викат Маркова нога, која се врезала (вглобила), кога тој од каменот се качвел на коњ. Зам. Каменот је необработан, а ст'паљката нејасна. Тамо на суша ходеха пред неколку години Стружаните со крстни ход.

Марков камен. Дванаесет часа од Кукуш имат камен голем како стена, кога Марко беше го фрлил од Светигорската кукушка тумба.

Маркова седалиште. На левиот брег од Вардар, близу до Демиркапи, се извишвит планина, која повторвит гласот, и на која думает че, живјат Марко. П'тниците поминвеештем од тамо викат: „Марко си жив?” - А екот повторвит еднакво.

Демир-капи (железна врата). Това место је на правиот брег од Вардар. Тамо поминвит п'тникот низ камнени ѕидови, кои сет рамни, како да беха мерени и нар'чно пресечени в планината. Тои п'т низ каменот, вељат, че го отворил Марко крале со сабјата му. Кажват че тога каменот беше бил мек, за това можел Марко да го сечит, и ст'паљките му да останвет вглобени в него. А не бил толку мек, што да можит секој да го сечит. Но оште понапред некога каменот беше бил мек, како тесто.

Марко Крале. Вељат, че Марко Крале оште је жив, како раскажвал Прилепчанин, кои зборвал с него. Тои бил купец и пливал пo моpe co стока. Од ветришта се принудил да излезит на пуст остров, к'де во великолепни к'шти нашол Марка, кои беше отишол тамо од како излезе туфегот. Таков нечекан случај зарадва Марка, кои причека добро и гости сотатковникот му, и го попрати велеештем „че скоро ке дојдит време да шетат тој пак по земи.”

Фаљба Маркова. Вељат че Марко беше толку јунак, што едношка се пофали да подкренит со м'здракот с'та земја. Господ за да му видит јунаштината, пушти ангел, кои со земја нап'лна торба, која стори тешка колку с'та земја, и се застои покрај п'тот, од к'де ке поминеше Марко. Кога Марко се приблиза, ангелот му рече „Ејди незнаена делио! подкрени ми торбава.” Марко одвај му ја подкрена на рамена со м'здракот, кои се сви од тежина. Од тога Марко си загина јунаштината, и со хитрост с'де и подмамка наделвеше другите јунаци, како Гина, Груица и др.