Зборник на Миладиновци/ Пословици
Сопствени народни имиња | Пословици од Браќа Миладиновци |
Гатанки |
на современ македонски правопис |
Друг' јадит нездрелото, другему оскомината. –
Тумба тумба за три дни, оф леле за се дни. –
Как ке солиш, так' ке сркаш. –
Как ке дробиш, так' ке јадиш. –
Страдна мајка за кељаего сина. –
Кои праит палица за својата главица. –
Таква глаа, таков брич. –
Зло трн, зло копачка. –
Рани куче, да те лаит. –
Тричав ти мелиш воденица. –
На два татка без капа. –
Ако не течит, капит. –
И кокошката пијет вода и на угоре се пулит. –
На чело Ристоса, в пазуа ѓаолот. –
Ако пасат тревата, корењата стојат. –
Остаи еден, бувни други. –
Овој век, како снек. –
Кому мајка, кому м'штеа. –
Смирни калугери стреда петок мрсат. –
Волкот не чуват пастарма. –
Имаш пара, имаш фара. –
Роди ме со касмет, та фрли ме на буниште. –
Слеп слепца водит. –
Брат брата не ранит, тешко кој го немат. –
Господи брани от голи Дебрани. –
Сладко благо крв излегвит. –
От трн трандафил, от трандафил трн. –
Крушата пот круша падинат. –
Помина зимата, чуму ти је гуната. –
Кој се фалит не палит. –
Што је попово да је готово. –
Со една ластоица не идет лето. –
От чуш коњ на пол п'т те сметинает. –
Секоја круша и шишка. –
Се посмеја 'рбол на штрбол. –
Ја опули се, ја ти и опулвет. –
Бели пари за црни дни. –
Како срце болило, така очи плакале. –
Фрли глиста, најде јагуља. –
И ја можам и коњ можит, кога господ не поможви. –
Гавран гаврану очи не копат. –
И петелот му носит јајца. –
Не те имам за црни очи. –
Два камења љути не мељат брашно. –
Кога дојде умот си појде кумот. –
От маста хаир немат, не от изварокот. –
Два питача н' една врата. –
Што је ракот, што му је сокот. –
Ни лук јал, ни лук мирисал. –
Близната јарш је поблага от чеинца. –
Не учи старец да макат јајца. -