Зборник на Миладиновци/ На строј кога извадват девојката да се прстенуват

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

539 песна На строј кога извадват девојката да се прстенуват

од Браќа Миладиновци
Кога да вијат венецот
на современ македонски правопис.


Солнала ѕвезда покрај трпеза;
Не ми је ѕвезда, мало је моме,
Мало је моме окулу татка,
Окулу татка, татка си молит:
„Откупи мене, еј мили татко!”
„Откупил ми те, еј мила керко,
Крпа си дала, не си казала,
Прстен си дала, не си праштала.”
„Откупи мене еј мила мајко!
Откупи мене, еј мили брату!
Откупи мене, еј мила сестро!”