Зборник на Миладиновци/ Митре и Стефан и Ѓорги Арнауче

Од Wikisource
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Сирота Јана Митре и Стефан и Ѓорги Арнауче

од Браќа Миладиновци
Стефан и Дели Магдалена
на современ македонски правопис


Седнале ми две јатарви млади
Седнале ми на високи диван,
Подфарлеет златоно јаболко;
Една фарљат, друга го дочеквит.
И догледал Ѓорѓи Арнауче,
Как догледал убави невести,
Ишкил нему му је останало.
Пријателство што ми не знаело.
Бог гo убил Ѓорги Арнауче!
Што пособрал се одбрана војска,
Да ми грабит лична Митреица,
Да ми грабит лична Стефоица.
Тога ми се две јатарви пулет
От бедени високи чардаци,
Што да видет чудо и големо,
К'де војска обколила ними!
Тога јунак Митре и Стефана
Сон и сварил и заспале двата. –
Тога велет две јатарви млади:
Како да и от сон разбудвеет.
Тога велит ашик Митреица:
„Ајти тебе млада Стефоице!
Ај скорни го Митре љубов моја,
Јас ке скорна Стефа љубов твоја;
Тук' задскри се зад мармор дирека,
Оти Митре ми је луничао,
Дан' те тебе со сабја посечит.
Та ми појде млада Стефоица,
И се задскри зад мрамор дирека,
Лекум него млада го скориват.
Кога от сон стана ашик Митре,
Тргна Митре сабја дипленица,
И ми удри мрамора дирека.
Тог' говорит млада Стефоица:
„Ајти тебе Митре девер мои!
Заизлези сега до надвора,
Да ми видиш војска обколила,
Коњ до коња, јунак до јунака,
А бајраци како борје горски.”
Тога стана јунак от јунака,
Кога виде чудо и големо
Си затвори порти челикои.
А све село војска нап'лнато.
И станаа до два браќа мили,
Облекоа панѕурли кошули,
Си кладое штици челикои,
Си кладое сабји дипленици,
Ми јавнае нихни брзи коњи,
И зедое крстетни бајраци,
Отворие порти челикои
Излегое надвор до надвора.
Тога велет на млада невести:
„Ајви вие наши први љуби!
Дур гледате крстетни бајраци,
Вие брига ич да ни немате!”
Тога веке с' отделиле млади;
С' истргнале онје остри сабји,
Се удриа два јунака млада
С тие триста одбрани јунаци,
Та посекле триста мина силни,
Све посекле два јунаци добри,
Напраиле крвца до колена.
От што с крвца ми се измачкале,
До два браќа не ми се познале,
Туку обе што си се грабнале,
Да се биет с онје остри сабји,
Ама никој надглас не ми могле.
А две љуби от бедени гледат,
Со трчање надвор искочие,
И со гласје жално ми викале:
„Ашик Митре, и ашик Стефане
Вие сте ми два браќа рогени!”
Митреица Митрета фатила,
Стефоица Стефана фатила;
И фатиле и љубов нагушкале.