Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Гино арнауче и Петра хубава

Од Wikisource
Корун, Кондофила и син Костадин Гино арнауче и Петра хубава

од Браќа Миладиновци
Николче
на современ македонски правопис


Посвршил се Гино Арнауче,
Се посврши за Петра убаа,
Не ми седе ни ден, ни недеља,
Ми отиде на бело бачило.
Бог је убил Гиноата мајка,
Што му прати најљути зборои:
„Ти си седиш, Гино, синко мили,
Ти си седиш на бело бачило,
И не знаиш твоја бела Петра
Заљубила селските бирачи,
Заљубила турски азаџии!”
Гино тога мошне се наљути,
Не си дојде при својата мајка,
Туку појде у Петра дома је,
Си ја најде в широка одаа,
Си заспала, и ми се покрила,
Се покрила с една бела риза,
И лицето роса го фатило.
Гино кротко в одаа је влезе;
Бела Петра не ми го узнала;
И је отскри нејѕиното лице,
Со ризата роса је избриса,
Је избриса, Петра је целива,
Уште Петра не ми је узнала.
И си сегна во бели џепеи;
Си изваде едно фрушко ноже,
Бела Петра на сон је загуби.
И си дојде Гино при мајка си,
И је кажвит на својата мајка:
ÂПетра, мајко, мене ми сторила
Ми сторила голема страмота,
Ама и ја, мајка, је загубиф.”
Тога рече Гиноата мајка:
„Зашто, синко, мене не ми каза,
Оти Петра ништо не ти стори,
Туку ми те ја тебе измамиф!”
Се разљути Гино Арнауче,
И сам себе Гино се загина;
И је рече на своата мајка,
„Как ке жаљат Петрината мајка,
И ти, мајка, за мене да жаљаш.”