Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Богородични изповед

Од Wikisource
Света Недеља и Света Петка Богородични изповед

од Браќа Миладиновци
Христосови карстови
на современ македонски правопис


Oнаа ст'рна лепа рудина,
Во рудина је велик манастир,
Во манастира свети Никола,
И света Петка, света Недеља;
Света Недеља свешти ми сучит,
А света Петка црква ми метит,
Свети Никола книга ми пеит,
Книга ми пеит, с'лѕи ми ронит.
И му долета Богородица,
Богородица с бога на р'це,
И му долета на десно раме;
И му говори Богоро'ица:
„Егиди брате, свети Никола!
Што книга пеиш и с'лѕи рониш?
Јас сум си дошла да ме причестиш.-
„Егиди сестро Богоро'ице!
Исповедви се, и причестви се,
Да не греои нешто ми имаш.”
Тога говори Богородица:
„Егиди брате, свети Никола!
Јас да ти кажа што греф си има;
Кога си врвеф низ Димна гора,
Низ Димна гора пуста планина,
Се што ме виде, се простум стана;
Се простум стана и п'т ми стори;
До трине древја не ми станае,
Не ми станае, ни п'т сторие.
Тога и ја љуто прок'лнаф: -
Тонка јасика тонка да бидит,
Тонка да бидит, сенка да немат
Тонкана евла тонка да бидит,*
Ни цут да цутит, ни род да родит.
Зелени бршлен, зелен да бидит,
Зелен да бидит зиме и лете,
Цут да ми цутит, род да ми родит
Род да ми родит црни јаглења.”
Се исповедва и се причести.

Белешка

* Вместо тои стих други кладвет:

Кривана врба крива да бидит.