Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Јанкула и Никола (2)

Од Wikisource
Рабдула и Мирче Јанкула и Никола

од Браќа Миладиновци
Каравидо, невеста Кара Воја, сестра Ангелина и Турци
на современ македонски правопис


Два се брата дељба разделие!
Помалиот Никола ми рече:
„А Јанкула, мое мила брате!
Мие ке се делба разделиме,
Ти си имаш убаа нееста,
Ти си имаш лудо м'шко дете,
Ти остаам стока богатиа,
Ти остаам нивје и ливаѓе,
Ти остаам девет кули азно;
Јас ти сакам девет тавли коња,
Јас ти сакам два сиви сокола,
Да си шетам низ гора зелена,
Да си шетам по земја широка.”
Јанкула му се срце не насити,
С'та стока што му ј а огтаи,
Жаљ му падна .с'де за коњите.
си стана рано на утрина,
Да си одит во гора зелена;
Си и зеде два сиви сокола,
Је нар'ча на своја невеста:
„А невесто, моја прва љубов!
Јас ке одам во гора зелена,
Ти да зготвиш манџи господарски,
Да го викниш мое мило брате,
Да го служиш со љута ракиа,
По ракиа манџи господарски,
A по манџи вино тригодишно,
A по вино чаша со зеера,
Да отруеш мое мило брате,
С'та стока нам да ни останит.”
Тога зеде млада Јанкулица,
Си наготви манџи господарски,
Си го викна Никола на ручек,
Да го служит со љута ракиа;
му рече млада Јанкулица:
„А Никола, мое мило брате,
Да ти кажам голема унера,
Што ми рекол твојот мили братец,
Тебе, брате, ја да те отрујам,
А ја кабул тоа не го чина,
Добар јунак ја да те загуба.”
Тога рече Нико добар јунак:
„Кога така, моја мила снао,
Лепо си се сега наручафме,
Јас ке легна на диван да спиа,
Ти да седниш до мене да плачиш,
Да покриеш мое бело лице,
Да покриеш с платно бамбакерно,
Да запалиш печестина свешти,
Да растуриш своја руса коса,
Да ме т'жиш т'ги со гласои.
Ког' ке дојдит мое мило брате,
Да видиме, брате што ке сторит.”
Како што ја ука научило,
Така стори млада Јанкулица.
Јанкула низ гора си шетат,
Ништо лов ми тои не улоја,
Си доглед,а крстетна орела,
И си пушти еден сиви сокол,
Да уборит крстетна орела.
Сиви сокол што ми отгоори:
„А Јанкула, мое господине!
Пушти ми го и моето брате,
От не можам сам да го уборам”.
И го пушти и другиот сокол.
Тога рече кретатна орела:
„Леле боже, леле мили боже!
Што 'ва лошо мие што сторифме!
Дури бефме дв'а брака заедно,
Ништо лошо не не наожвеше,
Никој нас не не уборвеше;
Вчера си се брака од.елифме,
Вчера брата со стрела г' опрее,
А денеска мене со соколи,
Ке ме зеет и ке ме загубет.”
Тога си се Јанкула подума,
Што нар'ча на своја нееста,
Да отрует негво мило брате:
,,Овие се пилина во гора,
И пак си се брака поборае,
Ја сиромаф како ке живеам!
Налет да је с'та моја стока,
Ког' ке немам мое мило брате!”
Си разљути своја брза коња,
Си отиде дома со трчање.
Што да видит чудо и големо!
Јанкулица на диван седнала,
Си го т'жит Нико мило брате.
Си зеде Јанкула остра сабја,
Само себе да си се загубит.
Бог је убил млада Јанкулица,
Што ми зеде штица челикоа,
Нa штица си сабја му пречека,
Само себе не си се загуби.
И му рече млада Јанкулица:
„Не губи се, Јанко господине,
Што ми рече ти ја не си сториф,
Твое брате сон ми је заспало.”
И си појде на диван при брате:
„Стана, стани, мое мило брате,
Јас ти сториф, а ти да ме простиш!
Оба си се брака избацие.
И му рече Јанкула Николу:
„Ајде сега, мое мило брате,
Токму стока мие да делиме!”
А Никола тога што му рече:
„Брате стока да си не делиме,
Туку ајдл брака да бидиме,
Да седиме как што сме седеле.”