Прејди на содржината

Зборник на Миладиновци/ Јана и Ѓуро тарговче

Од Wikisource
Гого Јана и Ѓуро тарговче

од Браќа Миладиновци
Сестра Ангелина, Тодора и Петре ловачето
на современ македонски правопис


Продавала се убаа Јана
Само за Јана девет хилјади,
За рамна става десет хилјади,
За бело лице единадесет,
За бело грло до дванадесет, З
а црни очи до тринадесет,
За т'нки веги четирнадесет,
За руса коса до петнадесет.
Koj ja зацени, не ја доцени,
Дури ми дојде Ѓуро тарговче,
Тој ја зацени, тој ја докупи,
Cи ja отнесе во свои дворје
И je нар'ча на своја мајка:
„Арно да глеаш убаа Јана,
Утро да даваш љута ракиа,
Јbута ракиа благи јаболка;
Да не ја пушташ со невестите
Co невестите на студна вода;
Да не ја пушташ сo девојките
Co девојките в гори на цвеке.”
Cи ja остаи убаа Јана,
И си отиде на тргоиште.
Негоа мајка не си ја пуштат
Убаа Јана на студна вода,
Co девојките в гори нa цвеке.
Бог да убиет клетине Власи,
Клетине Власи, се Арбанаси,
Што ми дојдоа за да ми купат
За да ми купа бела пчеинца;
He ми купие бела пчеинца,
Туку плениа убаа Јана.
Кога си дојде Ѓуро трговче
Ѓуро трговче од тргоиште:
„Камо ти, велит на своја мајка,
Камо ти, мајко, убаа Јана?”
„Дегиди синко, Ѓуро трговче!
Што ми дојдое клетине Власи,
Да си купеет бела пчеинца;
He ми купие бела пчеинца
Tyкy пчениа убаа Јана.”
Назат се врати Ѓуро трговче,
И ми отиде во Влашка земја,
И cе погоди на ден Велигден,
И ми и најде ке ми играет;
И ми cc впушти Ѓуро тргоец,
Д' убаа Јана за да ми играт.
И му велеше убаа Јана:
„Кротко ми играј, ој Бугарину!
Ке ми изкршиш девет прстени,
Девет прстени на десна р'ка.”
И тој говорит убаа Јане:
„Играј ми, играј, убаа Јано!
Јас сум и праил, ја ке и кршам.”
Малку поигра и си ја грабна
И си ја грабна убаа Јана,
Cи ja однесе у своја дома.