Езра/ 10 глава

Од Wikisource

9 глава Езра
10 глава
од н.п.
нема
врати се кон Стариот Завет
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Додека Езра се молеше и ги признаваше гревовите, плачејќи и лежејќи пред Божјиот Дом, се собраа околу него многу Израелци, мажи, жени и деца: и народот плачеше горчливо.
  2 Тогаш Сеханиј, синот Јехилов, еден од Еламовите синови, земајќи збор му рече на Езра: „Ние го изневеривме нашиот Бог женејќи се со туѓинки од народите на земјата. Но уште има надеж за Израел.
  3 Да го обновиме сега Заветот со нашиот Бог: да ветиме - според советот на мојот господар и на оние, кои чувствуваат стравопочитување кон повелбата на нашиот Бог - дека ќе ги отпуштиме своите жени туѓинки и децата што ги родиле. И така, да направиме по Законот!
  4 Стани, зашто тоа е твоја должност, а ние ќе бидеме со тебе. Биди храбар, и дејствувај!”
  5 Тогаш Езра стана и ги заколна свештеничките главатари, и левитите, и сите Израелци, дека ќе направат како што им беше рекол. И се заколнаа.
  6 Езра се оддалечи од Божјиот Дом и влезе во живеалиштето на Јоанан, синот Елијасивов. Таму ја помина ноќта, и не јаде леб ниту пи вода, зашто тажеше заради престапот на повратниците.
  7 Потоа им беше јавено на сите повратници, во Јудеја и во Ерусалим, да се соберат во Ерусалим:
  8 а кој не би дошол во Ерусалим до три дни, главатарите и старешините ќе го повикаат него, ќе му биде запленет имотот и ќе го исклучат од собирот на повратниците.
  9 Така се собраа сите луѓе од Јуда и Венијамин за три дни во Ерусалим. Тоа беше во деветтиот месец, во дваесеттиот ден на месецот. Сиот народ се смести на ширината пред Божјиот Дом, треперејќи заради сè тоа и заради буен дожд.
10 Тогаш, откако стана, свештеникот Езра им рече: „Вие направивте престап кога се оженивте со туѓинки. Така го зголемивте Израелевиот грев!
11 Но сега заблагодарете Му на Господа, на Бога на своите татковци, и извршете ја Неговата волја па разделете се од народите на земјата и од жените иноплеменички.”
12 Сето собрание одговори со силен глас: „Да, должност ни е да направиме според твојот совет!
13 Но има многу народ, и дождот доаѓа: не може да се стои надвор. Освен тоа, таа работа не е за ден-два, зашто нè има многу, кои згрешивме во тоа.
14 Нашите главатари можат да нè застапуваат на заедничкиот собир: сите кои се оженети, по нашите градови, со туѓинки, можат да дојдат во одредено време во придружба на старешините и судиите на секој град, сè додека не го одвратиме гневот на нашиот Бог заради ова.”
15 Само Јонатан, син Асаилов, и Јазиј, син Текуев, се спротивија, а Месулам и левитот Саветај ги поткрепуваа.
16 Повратниците направија така: се разделија. Свештеникот Езра ги избра за помошници главатарите на татковските домови, и сите беа одредени по име. Почнаа да заседаваат од првиот ден на десеттиот месец, за да испитаат сè.
17 И во првиот ден на првиот месец завршија со сите, кои се беа ожениле со туѓинки.
18 Еве кои беа женети со туѓинки меѓу припадниците на свештенството: меѓу синовите на Исуса, син Јоседеков: Масиј, Елиезер, Јарив и Гедалиј;
19 тие ја дадоа својата рака дека ќе ги отпуштат своите жени и дека за својот грев ќе принесат овен за престап.
20 Од Имировите синови: Ананиј и Зевадиј;
21 од Харимовите синови: Масиј, Илија, Семај, Јехиел и Озиј;
22 од Пасхоровите синови: Елјоенај, Масиј, Исмаил, Натанаил, Јозавад и Еласа.
23 Од левитите: Јозавад, Симеј, Келај - наречен Келита - Петај, Јуда и Елиезер.
24 Од певците: Елијасив. Од вратарите: Салум, Телем и Уриј.
25 А меѓу Израелците: од Фаросовите синови: Рамиј, Језиј, Малхиј, Мијамин, Елеазар, Малхиј и Венај;
26 од Еламовите синови: Матаниј, Захариј, Јехиел, Авдиј, Јеромот и Илија;
27 Од Затовите синови: Елјоенај, Елијасив, Матаниј, Јеримот, Завад и Азиза;
28 од Виваевите синови: Јоанан, Ананиј, Завај и Атлај;
29 од Вониевите синови: Месулам, Малух, Алај, Јасув, Сеал и Рамот;
30 Од Фат-Моавовите синови: Адна, Хелал, Венај, Масиј, Матаниј, Везелеил, Винуј и Манасиј;
31 од Харимовите синови: Елиезер, Јесиј, Малхиј, Семај, Симеон;
32 Венијамин, Малух, Семариј;
33 од Асумовите синови: Матенај, Матата, Завад, Елифелет, Јеремај, Манасиј и Симеј;
34 од Ваниевите синови: Мадај, Амрам и Јоел;
35 Венаја, Ведеј, Хелу,
36 Ванија, Меримот, Елијасив,
37 Матаниј, Матенај и Јасав;
38 од Винуевите синови: Симеј,
39 Селемиј, Натан и Адај;
40 од Закаевите синови: Сасај, Сарај,
41 Азареил, Селемиј, Семарија,
42 Салум, Амариј, Јосиф;
43 од Невовиевите синови: Јесиел, Матаниј, Завад, Зевина, Јадав, Јоел и Венај.
44 Сите овие беа женети со туѓинки; а некои од овие жени им родија и деца.
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.