Прејди на содржината

Втора книга летописи/ 5 глава

Од Wikisource

4 глава Втора книга летописи
5 глава
од н.п.
6 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

  1 Така беше доведена кон крај работата што Соломон ја сврши за Господовиот Дом. Соломон ги внесе сите свети дарови на татака си Давида - среброто, златото и сите посатки - и ги стави во ризницата на Божјиот Дом.
  2 Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите Израелеви старешини, племенските кнезови и семејните главатари, за да се пренесе Ковчегот на Господовиот Завет од Давидовиот Град, односно од Сион.
  3 Сите Израелеви мажи се собраа пред царот на празникот што е во седмиот месец.
  4 Кога се состанаа сите Израелеви старешини, левитите го зедоа со себе Ковчегот.
  5 И ги пренесоа Ковчегот и Шаторот на средбата со сиот посветен прибор што беше во Шаторот; свештениците и левитите ги пренесоа.
  6 Потоа царот Соломон и сета израелска заедница што се собра кај него жртвуваа пред Ковчегот толку овци и говеда што не можеа да се избројат ни да се оценат.
  7 Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во Дебирот на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.
  8 Херувимите имаа раширени крила над местото каде стоеше Ковчегот, и го засолнуваа Ковчегот и неговите драгови.
  9 Драговите беа толку долги што им се гледаа краевите од Светилиштето спроти Дебирот, ама не се гледаа од надвор, и таму стојат до денешен ден.
10 Во Ковчегот немаше ништо освен двете плочи кои ги стави Мојсеј на Хорив, каде Господ склучи Завет со Израелците откако излегоа од Египет.
11 Сите свештеници излегоа од Светилиштето, зашто сите присутни свештеници се посветија без обѕир на редовите.
12 Сите левитски пејачи, Асаф, Јеман и Једутун со синовите и со браќата, стоеја облечени во тенко платно, со кимвали, со псалтири и со гуслиња, источно од жртвеникот, а со нив сто и дваесет свештеници кои трубеа во труби.
13 И додека свиреа и пееја сложно како еден и едногласно Го фалеа и Го славеа Господа, подигајќи го гласот покрај трубите, кимвалите и покрај другите свирки, фалејќи Го Господа „зашто е благ и зашто е вечна Неговата љубов”, облак го исполни Господовиот Дом.
14 Свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата слава го исполни Божјиот Дом!

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse