Прејди на содржината

Втора книга летописи/ 4 глава

Од Wikisource

3 глава Втора книга летописи
4 глава
од н.п.
5 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

    1 Направи бронзен жртвеник долг дваесет лакти, широк дваесет и висок десет.
  2 Тогаш излеа море што од работ до работ мереше десет лакти; беше кружно наоколу, високо пет лакти, а во опфат, мерено со врвца, имаше триесет лакти.
  3 Под него беа воловски ликови што го опашуваа наоколу. Беа по десет на еден лакт, та го опкружуваа морето наоколу; два реда од тие волови беа излеани со морето.
  4 Морето стоеше на дванаесет волови; три гледаа на север, три на запад, три на југ, три на исток; морето стоеше на нив, и сите беа свртени со задниот дел кон внатре.
  5 Беше дебело една дланка, работ му беше како раб на чаша, како лилјанов цвет, а можеше да прими три илјади вати.
  6 Направи десет мијалници и ги постави пет оддесно, пет одлево за да се мие во нив; во нив го миеја тоа што требаше за палениците; морето им беше наменето на свештениците за да се мијат во него.
  7 Направи десет златни светилници според прописот и ги стави во Храмот, пет оддесно, пет одлево.
  8 Тогаш направи десет столови и ги постави во Храмот, пет оддесно, а пет одлево. Направи сто златни котлиња.
  9 Тогаш направи свештенички трем, голем двор со врати што ги покри со бронза.
10 Го стави морето од десната страна кон југоисток.
11 Хирам направи грнчиња, лопати и котлиња. Ја приврши сета работа што му ја правеше на царот Соломон за Божјиот Дом:
12 два столба; две главчиња што беа на врвот на столбовите; две мрежи за да ги покријат двете главчиња што беа на врвот на столбовите;
13 четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете главчиња на врвот на столбовите;
14 десет подножја и десет мијалници на подножјата;
15 едно море и дванаесет волови под него;
16 грнчиња, лопати, вилушки и сиот прибор за нив му ги направи од бронза Хирам Авив на царот Соломон за Господовиот Дом.
17 Царот нареди да ги излеат во Јорданската Рамница, кај глинената земја, меѓу Сокхот и Саридат.
18 Соломон направи толку многу од тие предмети да не можеше да се измери тежината на бронзата.
19 Тогаш ги направи сите предмети наменети за Божјиот Дом: златниот жртвеник и столбовите на кои беа принесените лебови,
20 златните светилници со светилките од чисто злато што требаа, според прописот, да се палат пред Најсветото место;
21 цветовите, светилките и ножиците од злато; тоа беше чисто злато;
22 ножиците, котлињата, машичките и кадилниците од чисто злато; влезот во Домот, внатрешната врата на Светината над светините, и вратата на Храмот во Светилиштето, беа златни.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse