Прејди на содржината

Втора книга Мојсеева/ 6 глава

Од Wikisource

5 глава Втора книга Мојсеева
6 глава
од Мојсеј
7 глава


 1 Господ му рече на Мојсеја: „Скоро ќе видиш како ќе постапам Јас со фараонот! Под силна рака ќе ги пушти да заминат; под силна рака сам ќе ги истера од својата земја.”
  2 Уште Бог му рече на Мојсеја: „Јас Сум Господ.
  3 Им се јавував на Авраама, Исака и Јакова како Ел Шадај. Но не им се открив со Своето име - Господ.
  4 И склучив завет со нив дека ќе им ја дадам Ханаанската Земја, земјата во која живееја како придојденци.
  5 А сега, откако ги чув воздишките на Израелците, кои Египетците ги држат во ропство, си спомнав на Својот Завет.
  6 И така, кажи им на Израелците дека Јас Сум Господ; дека ќе ве избавам од теретот што ви го наметнаа Египетците. Ќе ве ослободам од ропството во кое ве држат; ќе ве избавам удирајќи силно и казнувајќи строго.
  7 Ќе ве земам за Свој народ, и ќе бидам ваш Бог. Тогаш ќе знаете дека Јас, Господ, вашиот Бог, ве избави од египетското угнетување.
  8 Ќе ве доведам во земјата за која се заколнав дека ќе им ја дадам на Авраама, Исака и Јакова, и ќе ви ја дадам во наследство, Јас, Господ.”
  9 Мојсеј им го кажуваше тоа на Израелците, ама не сакаа да го слушаат: духовите им беа заматени од тешкото ропство.
10 Тогаш Господ му рече на Мојсеја:
11 „Оди и речи му на фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од својата земја.”
12 Мојсеј Му прозбори на Господа: „Кога Израелците не ме слушаа, како ќе ме сослуша, бавен во говорот, фараонот!”
13 Ама Господ им говореше на Мојсеја и Арона и ги праќаше сега при Израелците, а сега при фараонот, египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.
14 Ова се главите на нивните домови. Синови на Израелевиот првороденец Рувим: Енох и Фалуј, Асрон и Хармиј. Тоа се семејствата произлезени од Рувима.
15 А Симеоновите синови: Јемуило, Јамин, Аод, Ахин, Сар и Саул, син на Хананка. Тоа се семејствата што потекнуваат од Симеона.
16 Ова се имињата на Левиевите синови со нивното потомство: Гирсон, Каат и Мерариј. Леви живееше сто триесет и седум години.
17 Гирсонови синови се: Ливниј и Семеј со своите семејства.
18 Каатови синови се: Амрам, Исар, Хеврон и Озило. Каат живееше сто триесет и три години.
19 Мерариеви синови се: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите семејства со нивните потомци.
20 Амрам се ожени со својата тетка Јохаведа, која му ги роди Арона и Мојсеја. Амрам живееше сто триесет и седум години.
21 Исарови синови беа: Кореј, Нафег и Зехриј.
22 А Озилови синови се: Мисаило, Елисафан и Сигриј.
23 Арон се ожени со Елисавета, ќерката Аминадавова, сестрата Насонова, која му ги роди: Надав, Авијуд, Елеазар и Итамара.
24 Корееви синови беа: Асир, Елкан и Авијасаф. Тоа се Кореевите потомци.
25 Ароновиот син Елеазар се ожени со една од Футиловите ќерки, која му го роди Финеса. Тоа се главатарите на Левиевите домови според нивните семејства.
26 Тоа се оној Мојсеј и Арон, на кои Господ им заповеда да ги изведат Израелците од Египет во нивните чети.
27 Тоа се оние истите, Мојсеј и Арон, кои му зборуваа на фараонот, на египетскиот цар, да ги пушти Израелците од Египет.
28 Во денот кога Господ зборуваше со Мојсеја во Египетската Земја, му рече:
29 „Јас Сум Господ. Извести го фараонот, египетскиот цар, за сè што ти реков.”
30 Мојсеј се правдаше пред Господа: „Јас сум бавен во говорот. Како ќе ме послуша фараонот!”
 

Поврзано

[уреди]

Надворешни врски

[уреди]

Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse