Втора книга Мојсеева/ 25 глава
24 глава | Втора книга Мојсеева 25 глава од Мојсеј |
26 глава |
1 Господ му рече на Мојсеја:
2 „Кажи им на Израелците да Ме даруваат, а вие примајте ги даровите во Моја чест од секој што дава од срце.
3 А примајте ги овие дарови: злато, сребро и бронза;
4 љубичесто, црвено и темноцрвено предено и препреден лен;
5 готови овновски кожи, па убави кожи; ситимово дрво;
6 масло за осветлување; мириси за масло за помазание и за мирисливо кадење;
7 оникс и други бесцени камења, што ќе бидат вметнати во наплеќникот и врзградникот.
8 Нека Ми изградат Светилиште, за да можам да престојувам меѓу нив.
9 При градењето на Престојувалиштето и на сè во него, постапи точно според образецот што ќе ти го покажам.”
10 „Нека направат ковчег од багремово дрво: долг два ипол лакти, широк лакот ипол и висок лакот ипол.
11 Опкови го со чисто злато, опкови го однадвор и внатре; а околу него стави завршен појас од злато.
12 Излеј за него четири златни колца од едната страна, а две колца од другата.
13 Направи и две ластегарки од багремово дрво и опкови ги со злато.
14 Потоа провни ги ластегарките низ колцата од страната на Ковчегот, за да биде носен Ковчегот врз нив.
15 Нека останат ластегарките во колцата на Ковчегот; нека не се извлекуваат.
16 Сведоштвото што ќе ти го дадам, положи го во Ковчегот.
17 Очистилиштето направи го исто така од чисто злато. Нека биде долго два ипол лакти, а широко лакот ипол.
18 Искови и два херувима од злато за двата краја на Очистилиштето.
19 Направи еден херувим за едниот крај, а другиот херувим за другиот крај. Прицврсти ги на двата краја на Очистилиштето, да составуваат еден дел со него.
20 Херувимите нека ги рашират своите крилја во височина така што ќе го засолнуваат со крилјата Очистилиштето. Нека бидат со лицето свртени еден кон друг, ама така да лицата на херувимите гледаат во Очистилиштето.
21 Очистилиштето стави го на Ковчегот, а во Ковчегот положи ги плочите на Сведоштвото што ќе ти ги дадам.
22 Тука ќе се состанувам Јас со тебе и одозгора, од над Очистилиштето - меѓу оние два херувима што се на Ковчегот на плочите на Сведоштвото - ќе ти ги соопштувам сите заповеди наменети на Израелците.”
23 „Направи стол од багремово дрво долг два лакта, широк лакот, а висок лакот ипол.
24 Опкови го со чисто злато и направи му наоколу завршен појас од злато.
25 Направи му раб широк една дланка, а потоа врз работ стави завршен појас од злато.
26 Натаму, исправи ги неговите четири колца од злато па прицврсти му ги на неговите четири ножни агли.
27 Колцата нека се непосредно под работ, за да служат како рачки за носење на столот.
28 Направи ги ластегарките од багремово дрво и опкови ги со злато. Столот ќе биде носен на нив.
29 Потоа направи за него: чинии, варилки, врчви и чаши за излевање на приносите. Направи ги од чисто злато.
30 На столот секогаш пред Моето лице ставај положени лебови.”
31 „Направи светилник од чисто злато. Светилникот нека биде искован. Неговото подножје, неговото стебло, неговите чаши, чашки и цветови - сè нека биде од еден дел.
32 Шест гранки нека му излегуваат од страните: три гранки од едната страна на светилникот, а три гранки од другата страна на светилникот.
33 На едната гранка нека бидат три чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет. Така за сите шест гранки што излегуваат од стеблото на светилникот.
34 На самиот светилник нека бидат четири чаши во облик на бадемов цвет, секоја со чашка и цвет.
35 Една чашка под двете гранки, создавајќи едно парче со нив; потоа чашка под другите две гранки, од едно парче со нив. Така за сите шест гранки што излегуваат од светилникот.
36 Нивните чашки и нивните кракови ќе составуваат едно парче со нив - сè исковано во едно парче од чисто злато.
37 Направи и седум светилки за нив. Светилките нека бидат поставени така што ќе го осветлуваат пространството однапред.
38 Машичките и пепелниците за нив нека се од чисто злато.
39 Употреби еден талант чисто злато за светилникот и за сиот негов прибор.
40 Внимавај! Направи ги според образецот што ти беше покажан на гората.”
Поврзано
[уреди]Надворешни врски
[уреди]
Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.
It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.
Public domainPublic domainfalsefalse