Вилијам Блејк (англ. William Blake, 28 ноември 1757 - 12 август 1827) бил англиски поет, визионер, сликар и гравер. Сосема непознато во текот на неговиот живот, делото на Блејк денес се смета за единствено, оригинално и особено значајно во историјата на поезијата и визуелните уметности. Прогласен е за 38ми најголем британец во историјата, според анкетата направена од страна на Би-Би-Си во 2002 година.