Прејди на содржината

Јов/ 4 глава

Од Wikisource

3 глава Јов
4 глава
од н.п.
5 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

   1 Тогаш Теманецот Елифаз проговори и рече:
  2 „Можеш ли да поднесеш да ти проговорам? Но кој може да се воздржи од зборовите!
  3 Ете, ти поучи многу луѓе, ги закрепна изнемоштените мишки.
  4 Со своите зборови ги подигаше истоштените, ги закрепнуваше растреперените колена.
  5 А кога тебе те снајде, се истошти во духот, кога падна на тебе, целиот се збуни!
  6 Зар твојата доверба не е стравот Божји, и чесноста на твоите патишта твоја надеж?
  7 Па спомни си: дали пропаднал некогаш невин? Кога беа истребени праведниците?
  8 Како што сум видел: кој оре несреќа и сее неволја - неа и ќе ја ожнее.
  9 Тие загинуваат од Божјиот здив, од Неговото гневно дувнување исчезнуваат од земјата.
10 Рикањето на лавот, леопардовото виење, се кршат како заби на лавчињата.
11 Лавот загинува од немање лов, се распрснуваат младенчињата на лавицата.
12 Таен збор ми се објави, моето уво го чу неговиот шепот.
13 Ноќе, соништата го опфаќаат духот, и кога длабокиот сон паѓа на луѓето,
14 страв и трепет ме совладаа мене, моите коски се стресоа жестоко.
15 Некаков здив ми помина преку лицето, се кренаа влакната на моето тело.
16 Некој стоеше - не му го познав лицето - но со ликот беше пред моите очи. Насекаде тишина; тогаш чув шепот:
17 Зар некој смртник е поправеден од Бога? Зар човекот е почист од својот Создател?
18 Не им верува веќе ни на своите слуги и ги обвинува Своите ангели за грешки -
19 тогаш колку повеќе: гостите на глинените станови, чија основа е во земниот прав. Ете, ги сотираат нив како молци:
20 ги претворуваат во прав од утрото до мракот, исчезнуваат засекогаш - никој и не забележува.
21 Зар не ќе помине величието нивно? Тие умираат, но не со мудрост.”
 

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse