Прејди на содржината

Јов/ 36 глава

Од Wikisource

35 глава Јов
36 глава
од н.п.
37 глава
Текстот е базиран на македонскиот превод на Библијата од 1999 година.

      1 Елиу продолжи и рече:
  2 „Стрпи се, малку, па ќе те поучам, зашто уште не дореков сè за Бога.
  3 Своето знаење ќе го изнесам оддалеку, да Го оправдам својот Создавач.
  4 Навистина, моите зборови не знаат за лага, пред тебе е човек совршен во знаење.
  5 Ете, Бог е силен, но не презира, моќен е со силата на Својот разум.
  6 Тој не остава да живее нечесниот, им набавува правда на страдалниците.
  7 Тој не ги симнува очите од праведните, ги крева на престоли, покрај царевите, за да бидат возвишени довека.
  8 Ако се тие оковани во вериги и сопнати со јажињата на неволјата,
  9 Тој им ги напомнува нивните дела, им го кажува гревот на нивната гордост.
10 Тогаш им го отвора увото за опомена и ги призовува да се отстранат од злото.
11 Ако послушаат и Му се покорат, нивните денови завршуваат во благопријатност, нивните години во радост;
12 ако пак не слушаат, умираат од копје, заглавуваат, незнаејќи ни самите како.
13 А нечесните срца негуваат омраза, не бараат помош, кога Тој ги врзува во окови;
14 умираат во цветот на своето детство и животот им завршува меѓу содомците.
15 Тој го спасува страдалникот преку неговата беда и му ги отвора очите во несреќа.
16 Ќе те избави од грлото на теснината, ќе те изведе кон безграничните пространства, кон стол преполн со месо.
17 Но ти си го исполнил судот на безбожниците суд и осудување ќе те постигне.
18 Отсега нека не те заведува изобилството и нека не те расипе пребогатиот дар.
19 Богатиот нека ти биде како човек без злато, а човекот со силна рака како слабиот.
20 Не ги гони оние што ти се туѓи, за да ги ставиш роднините на нивното место.
21 Внимавај да не свртиш кон неправдата, зошто заради неа те најде искушението.
22 Ете, Бог е возвишен во Својата сила! Зар има учители како Него?
23 Кој Му Го одреди Нему Неговиот пат? Кој ќе Му рече: „Работеше криво?”
24 Спомни си да го величаш Неговото дело што луѓето го опеаја со песни:
25 Целиот свет го набљудува со восхитување, човекот се восхитува, макар оддалеку.
26 Бог е поголем отколку што можеме да сфатиме. неодолив е бројот на Неговите години!
27 Тој ги собира водните капки во височина и го претвора дождот во пареа и магла.
28 Тогаш поројни дождови плискаат од облаците и се изливаат врз луѓето.
29 Кој ќе го сфати ширењето на облаците, страшниот татнеж на Неговите шатори?
30 Ете, Тој ја распростира светлината над Себе и го покрива морското дно со води.
31 Тој ги суди народите преку нив, ги дарува со изобилна храна.
32 Тој ја држи молњата со двете раце и и кажува каде да удри.
33 Со громов глас се навестува Себеси, стигнува со гнев да ја разгроми нечесноста.

Поврзано

Надворешни врски


Ова дело е во јавен домен во земји каде авторските права се плус 70 или помалку.


It is not necessarily in the public domain in the United States if published from 1923 to 1977. For a US-applicable version, see {{PD-1996}}.

Public domainPublic domainfalsefalse