Прејди на содржината

Од борбата/ 11 песна

Од Wikisource
10 песна „11 песна“

од народното творештво
12 песна
Собрал и уредил Блаже Конески во 1947.

Вардаре горд, подзапри си го одот,
Шар планино, наведи главата,
бујати гори, молкнете сo шумот –
денес паднаа Мирче и Страшо.
 
Ѕидовите на занданите темни
грозни прикаски шепотат сo страв.
Нa ѕверски маки тиранот ги клава,
но нема ништо тој да узнае.
 
Двајцата силни, како карпи неми
полни сo љубов и сo омраза.
Устите шират последна осмивка:
„За тебе, Македонијо, паднавме!“
 
Последен шум од занданите молкна,
срца се стегат да не заплачат.
Народот трга в борба за слобода
по патот свет на Мирче и Страшо.


Поврзано

[уреди]


Ова дело е во јавна сопственост во целиот свет бидејќи авторот е починат пред повеќе од 70 години.