сем да победит и поробит Србиiа. Сливница натера Србиiа да зафатит iедна ноа борба со Бугариiа за Македониiа. Наi напред таiа борба беше на книга: србите докажуваа со громки и плитки фрази, оти они имаат по големо прао на Македониiа од бугарите. От тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропаганда во Македониiа: наобек'аа на македонци, млади ученици, од бугарцки и грцки сколиiи златни гори за во Србиiа. Патриотичното пропагандно другарство „Св. Сава" од 1888 година отвори пансион за своiите ученици стипендиiати. Во 1889 година броiот на стипендиiатите на тоа другарство се уголеми, за да се умалит по неколку месеци: во ноември месец на таiа година около 40 души ученици македонци, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно поминаа од Белград во Софиiа, за тамо да се учат (се разбират со бугарцки пари). Тоi неуспеф не обескуражи одважните срби: другарството „Св. Сава" отвори патриотична подписка во Србиiа за построiуаiн'е ноо здаiн'е на другарство за пансиiон и за своiа пропагандцка околиiа. Во 1890 год. се издигна големо трикатно здаiн'е, во коiе од iануари 1891 год. се отвори пропагандцката „Богословцко-учител'цка сколиiа", за да се затворит по полоина година. Но за тоа Светосавцкото другарство за таiа полоина година напраи доста шум: во неiа осим науките имаше и воена гимнастика и маршеи на учениците со музика по Белград и негоите околиiи и патуаiн'е на летото по Србиiа, каде се произносуваа громки тостои. Со тоа се сврши шумот во Србиiа, и србите зафатиiа да работат тио и упорно: пропагандата помина от патриотцкото другарство во раците на министерството на надворешните работи. Министерството првно и праiк'аше своiите стипендиiати во србцките провинциални градишча, за да се учат, а после собираше во Белград во специални или великата сколиiа.
Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/95
Изглед