Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/94

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
84
 

патиiите на европеiцкото обшчество и европеiцките праител'ства во полза на ноото течеiн'е и против лажливците. А без Европа и Русиiа, ни комитетите, ни Бугариiа, не можит ни на iота да изменат судбините на Македониiа.

А iедно iет така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон ноото течеiн'е ке требит непостредствено да преминат до негоото поддржуаiн'е. Ето го одгоорот на прашаiн'ето, каков можит да бидит односот на комитетите кон ноото течеiн'е?

Сега да поминиме до другото прашаiн'е: от каде ноото течеiн'е ке зимат сила, ако македонцката интелегенциiа и комитетите во Бугариiа зафатат борба со него? Со шчо располагат оно?

За одгоор на тоа прашаiн'е требит во неколку рески да се одбележит рол'ата на Србиiа во македонцкото национално возродуаiн'е. Да пренебрегуат чоек со положеiн'ето, шчо го имат земено Србиiа во македонцкото прашаiн'е и со неiната рол'а во македонцкото национално возродуаiн'е iет лесномислено. Даже можит да се речит, Србиiа да изигра во наi ноата историiа на Македониiа по голема рол'а од Бугариiа. Кога Бугариiа со шум сакаше да решит македонцкото прашаiн'е, водена за носот од македонцката емиграциiа, Србиiа тио, со голем успеф работеше во Македониiа наполно согласно со србцката погоорка: „тиха вода брег рони“. Беше време, кога ролите на тиiе две држаи беа обратни т. е. Србиiа шумеше а Бугариiа работеше.

Да бидиме по iасни.

До српцко-бугарската воiна во 1885 г. бугарите тио работеа во Македониiа. Сливница им покажа на србите, оти ако iедна Бугариiа со Источна Румелиiа можат да покажат на Србиiа iедна Сливничка поразиiа, то соiединената Бугариiа, заiедно со присоiединената до неiа Македониiа во бидно време, можит и со-