Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/78

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
68
 

Националниіот сепаратизм: земишчето на коіе се имат развиіено и ке се развиіат за однапред.[1]


На првото заседааiн'е на Бугарцкото Студентцко Другарство во Петроград от таiа година iас рекоф неколку зборои за резултатите на сегашното востааiн'е во Македониiа. Тиiе резултати iас и резiумираф во два пунктои: 1. Македониiа после востааiн'ето iет загубена за бугарцката народност, и 2. македонците ке си сознаiат грешките, шчо беа причина на нестреките од востааiн'ето, ке се откажат од досегашното направуаiн'е на националното нивно самосознаiн'е и ке отворат систематична борба на сите национални и верцки пропаганди во Македониiа, во тоа натре, и на бугарцката, за да можат, со оддел'уаiн'ето на своiите интереси од интересите на пропагандите, да достигнат национално обiединуаiн'е помег'у себе.

Іас рекоф тогаi, оти таква iет деiствител'носта, коiа не ке се аресит на мнозина, но iас не можам да зборуам, шчо ке се аресит на некого, а тоа, шчо iет свршена работа, со коiа рано или поздно, ке требит да се броiат iужните словени, па за тоа iет нужно да се знаiит ноото течеiн'е стред македонците, за да се определ'ат iасно односите на iужните словени кон него, и да се избегнит безполезната и вредител'на борба измег'у ниф.

Мнозина ке речат, оти моiите утврдуаін'а за некакво ноо течеiн'е во развиiаiн'ето на националн'ото самосознааiн'е стред македонците iет само мистификациiа на неколцина македонци, но да таiа мистификациiа немат под себе земiишче, и за тоа, како шчо се

  1. Прочетено на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-литературно Другарство „Св. Климент“ на 19-и Октом. 1903 г.