Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/77

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
67
 

бугарцките работи, а не слепо да ѝ копираме, и да насадуаме во Македониiа, на место национализм, социализм, како шчо го праела тоа натрешната македонцка револ'уциiна организациiа. Значит оддел'уаiн'ето на нашите интереси од бугарцките, покраi другото, ке не избиiат от положеiн'ето, како маiмуни да копираме бугарцките неомислени постапоци, и на вера да приiимаме бугарцките увереiн'а, да iет Бугариiа нашата арнотворка, а Русиiа нашиiот наi голем неприiател'; оно ке развиiет во нас критичен однос кон нашите и туг'и постапоци.

А од тоа одваi ли можит да имат по големо оправдаiн'е на сашчестауаiн'ето и програмата на нашето другарство. Ако iет така, то не ни остаат нишчо друго, осим да му се помолиме на Господ, да умножит македонцки другарства, подобни на Петроградцкото — „Св. Климент" на секаде, каi шчо живеiат македонци.