Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/75

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
65
 

да критикуат сé шчо ке му се попаднит. Со научни прашаiн'а не л'убат да се занимаваат, но за то сет убаи организатори: можат да устроiаваат лотариiи, да пропагандираат некоiа работа, да устроiат некоiа вечеринка со благотворна цел'а, без да му гледаат многу многу, оти со неiа ке оскандал'ат и себе и бидното поколеiн'е од бугарцки студенти во Петроград. У опшче они сет готои да се занимаваат со работи, шчо бараат малу труд, но зато даваат голема попул'арност и самомнеiн'е. Македониiа iа признаваат за бугарцка во етнографцки однос, но мисл'ат, да iет излишно да си арчат силите за да научат нешчо за таiа страна, за тоа, нишчо не знаiат за неiа, ни од историiата, ни од географиiата и етнографиiата неiна, осим да имат тамо чети и востааiн'е, на коiе требит да се помогнит само со лотариiи, и не со сами себе. Тоа платоническо и само платоническо и евтино сочувство кон македонците, тоа неразбираiн'е на националните интереси, тоа отсутство на национал'ни идеали и таiа жажда од попул'арност со приврзаност кон социализмот, iет отражеiн'е на дуовното состоiаiн'е на бугарцкиiот народ и негоото обшчество. Оттука многу iасно се видит, до колку бугарите не сет во стаiн'е да бранат не само нашите, но и собствените интереси.

Србцките студенти праат совршено друг и проти-оположен упечаток од бугарцките. Србите не сет интернационалисти, а сите буквално, без разлика, дали iет некоi от Србиiа, Босна, Ерцегоина, или Црна Гора, сите сет националисти. Они знаiат, да сет они прво срби, а после л'уг'е. Секоi знаiит и се интересуат со србството разместено во разни земiи. Они знаiат нивната историiа и историiата на саседанте народи и земiи. Они се интересуваат сите главно со културно-историiцките науки и ѝ изучаваат. Изучаваат ѝ како стредство за достигаiн е србцки национални цели. Со цел'а да зашчитат србцките