Тоа оддел'аiн'е си имат и друзи причини, а имено, употребуаiн'ето на нашите умствени сили на изучааiн'ето на себе, како членои на iедна таткоина и iеден народ. За да се достигнит таiа цел'а, требит да се состаит оддел'но другарство од лица, за коiи изучааiн'ето на Македониiа во етнографцки, географцки и историiцки однос имат првостепен значаi; а таквиiа лица сме ниiе македонците.
За да се достигнит таiа цел'а, ниiе требит да се одделиме од друзите балканци народи и самостоiно и критично да погледаме на сами себе и нашите интереси, како и на балканцките народи и нивните интереси. Постапуаiки така, ниiе ке се ослободиме од грешките, шчо и праат друзите балканцки народи.
За да бидит по iасна ползата от таквоа оддел'уаiн'е наше од друзите народи, доста iет iеден критичен поглед на работеiн'ето на тукашните студентцки другарства: бугарцкото и србцкото.
Бугарцките студенти имаат големи претенции да сет предстаители на наi ноите течеiн'а на чоечката мисла. За ниф немат никаков значаi национализмот, коi шчо се броiит за нешчо, шчо имат одживеiано своiот век. Они сет интернационалисти. Они сет наi напред луг'е, па после, ако им останит за тоа време, сет бугари. За ниф чоечеството имат по голем значаi од Бугариiа, а за тоа поеке интересуваат ниф Швеiцариiа, Соiединените С. - Американцки Држаи и нивната историiа, отколку Бугариiа со неiните национални интереси. Бугарцката младеж овде употребуат сите своiи сили и стредства, да се покажит напредничаа т. е. социалистична: долги и безмислени речи, долги коси, и убао исчешл'ана брада, црвена или сиiн'а руска кошул'а и пр. Со национални прашаiн'а не се заниваат и со голема досада слушаат реферати на тема по етнографиiата, па и по каква и да бидит друга наука, осим политичната економиiа. Но за то секоi считат своi долг