Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/7

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
VIII
 

Знам многу арну, оти мнозина со ирониiа ке се однесат кон моiите надежи за европеiцки реформи. Но на тиiа ирониiи ево со шчо iас ке одгоорам: не iет истина кажуаiн'ето, да не ке излезит нишчо от усил’ата на Русиiа и Австро Унгариiа да се уредат работите во Македониiа. Проектите за реформи и усил’ата да се воведат тиiа не сет, како мисл'ат мнозина, само игра да поминит време и да останит се, како шчо си било. Проектите за реформи на Русиiа и Австро-Унгариiа сет мег'ународни актои, неисполнуаiн'ето на коiи от Турциiа iет насмешка и оскрбуаiн'е за реформаторцките држаи и им даат полно прао за репресалиiи против нарушаачот на мег’ународното прао. Да било така лесно и безнакажано престапуаiн'ето на мег’ународното прао, до сега држаите, денеска ке приимаа на себе разни задолжеiн'а и утре ке се откажуаа од ниф. Но не било така.

Реформите руско-австриiцки, iедно сет мег’ународен акт, ке даат прао секога на македонците да настоiаваат пред Големити Сили да се ислолнат во полност. Нека не мисл'ат, оти они можат да бидат закопани, како шчо iет закопан берлинцкиiот трактат со негоиiот 23 член за Македониiа. Берлинцкиiот догоор вистина iет закопан, но не од Европа, а од Бугариiа, коiа изврши соединуаiн'ето со Источна Румелиiа со насилствен преврат - без согласиiе на држаите, шчо потписаа берлинцкиiот трактат; а со нарушааiн'ето на iеден параграф се нарушаат и сет трактат. Сегашните руско-австриiцки реформи силно се разликуваат од берлинцкиiот трактат со тоа, шчо сет они само мег’ународен акт закл'учен мег’у три држаи. Осим ниф важен фактор се iавуаме само ниiе македонците. Волiата на двете соiузни држаи: Русиiа и Австро-Унгариiа можит да сретит протиодеiство само от Турциiа и од нас, но наi поеке од нас, зашчо со реформите се бараат, не од нас, а от Турциiа задолжеiн'а и ако ниiе со нашите работи покажиме,