Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/51

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
41
 

условiе за културна работа не iет полната политична слободиiа, а моралната воспитаност на народот и негоата интелегенциiа, сознаiн'ето на нравствен долг пред народот у секоi член от тоiа народ. Полната политична слободиiа не чинит за нишчо, ако iеден чоек не сознаат, оти негоиiот чоечки долг, негоиiот долг пред своiата таткоина и своiот народ iет: труд, труд и пак труд. Слободиiата чинит само за ползуаiн'е од резултатите от своiот труд, но не толку за самиiот труд. А за да можит чоек да се ползуат од резултатите на своiот труд, требит прво да се потрудит. Да работит и да се трудит можит чоек и при по стеснени политични условиiа.

За да си очистиие совеста пред народот наш за дадените од него жртви, требит, значит, да се зафатиме за културна работа. А при тоа да цениме своiето работеiн'е, не по надворешниiот негов вид, а по негоата ценост, а цената на трудот се мерит со потребните за него сили. Ако гледаме така на трудот, и ако искрено сакаме да се одолжиме пред нашиiот народ, то не ке се извинуаме да немат почва за културно работеiн'е. Почва за него имат, но немат сакаiн'е. При сакаiн'ето, ако не ке можиме да печатиме много работи на нашиiот iазик; то зато нашата интелегенциiа ке можит да послужит, како жива народна енциклопедиiа, во коiа ке се имаат точни и проверени сведеiн'а по сите оддели на науката и литературата.

Но точни и проверени сведеiн'а се добиiаат при многогодишно упорно работеiн'е, и то кога се работит со сознааiн'е, да се иополнуат со работеiн'ето долгот кон таткоината и своiот народ. А таквоа многогодишно упорно работеiн'е iет по полезно, по мачно и по нравствено од револ'уционото. Оно iет исто разумно.

Ползата за народот од научното работеiн'е на нашата интелегенциiа, ке се видит от тоа, шчо нашиiот народ сам со своiи очи ке можит да погледат на себе