со народот праит опити за своiите фанастични планои. Македонцка интелегенциiо! Време iет да се помислит, да iет грешно да се праит опит со туг'и чоешки жиоти за нашите фантастични планои.
Но со тоа iас не сакам да кажам ниiе да престаниме да идеализираме и да живеiеме со народни идеали. Не! Ниiе не можиме да живуаме без идеали: само нашите идеали от сега ке требит да бидат по чисти от понапредните. От сега ниiе ке требит со нашата патриотична работа да искупиме нашите греои пред нашиiо народ. От сега ниiе ке требит да се жртвуаме за негоите интереси и со тоа да му отплатиме за негоата вера во нас и за негоото послушно и точно иеполнуан'е планоите на организациiата. Како можит нашата интелегенциiа да се одолжит пред нашиiо народ за дадените од него жртви? На тоа прашаiн'е iас одгоориф, кога зборуаф по горе за борбата со пропагандите и за постааiн'е на нашиiо народ во добри односи кон сите македонцки народности.
Но главно, како шчо напомниф пак по горе, ке се поможит на нашиiот народ со културно работаiн'е, а наi поеке со просветуаiн'ето.
Науката и литературата сет наi важниiот фактор во развиiаiн'ето на iеден народ, како народ. По степента на развиiаiн'ето на науката и литературата у iедан народ се мерит негоата култура и по ниф се дел'ат народите: на културни и не културни; културните народи владеiат, а не културните робуваат. Само со знаiаiн'е и просветеiн'е, само со културна работа ке можит нашата интелегенциiа да попраит и искупит своiите грешки пред нашиiот народ.
Ке речат некоiи, оти културната работа iет возможна само кога имат политична слободиiа; без неiа она iет не вооможна. - Вистина во таiа забелешка имат iеден дел истина, но само iеден дел. Главното