Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/5

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
VI
 

Бугариiа не можит да сашчествуат, ни политично, ни економцки, но тоа iет бугарцка политика, а iас не сум намерен да политиканствуам бугарцки. Іас сум македонец и интересите на моiата таткоина ми се предстауат така: не Русиiа и Австро-Унгариiа сет неприiателите на Македониiа, а Бугариiа, Грциiа и Србиiа. Само енергична борба со тиiа три држаи ке избаит од погубуаiн'е нашата таткоина.

Борбата со трите балканцки држаи не протиоречит на нашите интереси, коiи се достигаат и со револ'уциiа и со евол'уциiа, или постепено развиiаiн'е на нашиiот народ во морално-религиозен праец. Револ'уциiата стана и, ако има наiужасни последици за нас, пак даде некоiи благодатни резултати, со кои шчо можат да бидат задоолени нашите борци за национална слободиiа: тоа сет мiурцштегцките реформи, коiи ке бидат раширени опроти нуждите, шчо ке се покажат со време. Идеiите за полно отцепуаiн'е на нашиiот народ од друзите балканцки народи, не сет протиоречiе на досегашното работеiн'е на нашиiот народ за слободиiа, а само продолжеiн'е на негоото досегашно работеiн'е, на почва евол'уциiна. До сега нашиiот народ се интересуал поеке само со полна политична автономиiа, а во националните наши интереси допушк'ал башибузукцки да му се набркуат разни неканени гости, како: бугари, грци и срби. По политичката борба идит значит националната. Но борбата со пропагандите во Македониiа не iет чекор назад, туку напред, зашчо и тука имаме работа со борба за слободиiа, со борба со мрачните сили, шчо не дозвол'уат на таткоината ни сама со свои очи да гледат своите интереси, ами и наврзуат дзрдзала, шчо омрачуат истината и и придаат бугарцка, србцка и грцка боiа. Време iет да отфрлиме од очите наши мрежите, шчо ни и кладоа националните и верцки пропаганди въ Македониiа.