Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/4

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
V
 

сакат и ке сакат реформи во Македониiа, ни држаите сет наклонени да iа принудат Турциiа, за да ни даiит некакви па и наi мали реформи. Држаите, вел'ат мнозина, само играат дипломатична игра со реформи, за да не склонат нас, да се откажеме от вооражена борба со Турциiа, от коiа се нарушаат нивниiот мир, а пошто се одречиме от таiа борба, тиiе ке ослабат да бараат от Турциiа реформи за Македониiа.

Тиiа сет наi главните возразуаiн'а, шчо очекуам от мнозина од моiте сонародници. Ми се чинит, оти они не сет праи и ето зашчо: Во ноата книга се зборуат, вистина, и за отцепуаiн'е и за соединуаiн'е, но за отцепуаiн'е от тиiе, шчо сме веке отцепени и со коiи никоi пат не ке ни позвол'ат да се соiединиме, а за соiединуаiн'е со тиiе, со коiи сме морално задолжени да се соiединиме, и со коiи соiединеiн'ето iет возможно. Ако со нашето отцепуаiн'е од балканцките словенцки народи достигниме соiединуаiн'ето на сето македонцко словенцко населеiн'е во iедно цело, ниiе не ке ослабниме, туку ке се усилиме, така да од исполнуаiн'ето на идеiите, шчо сет развиiени во таiа книга само ке се оправдат послоицата, да iет силата во соiединеiн'ето.

Сега се питат: дали од нашето отцепуаiн'е од балканцките народи, ке се восползуват нашите неприiатели и коiи сет тиiе? Сега во Бугариiа iет мода да зборуат, да сет наi големи неприiатели на балканцките словени: русите и австро унгарците, коiи сакаат на почва на македонцкото прашаiн'е да се зафатит и продолжит iедна борба мег’у србите и бугарите, коiа ке ослабит силите и на iедните и на друзите до таква степен, шчо ке требит да се набркаат во балканцките работи Русиiа и Австро-Унгариiа и првата ке завоiуват Бугариiа и Стамбул, а втората Србиiа и Солун. Іас ке си позвол'ам да не се согласам со такво глабоко политично „далековидеiн'е". Можит, бугарите и сет праи, кога мисл'ат, оти Русиiа без