Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/46

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
36
 

Со прекратеiн'ето на востааiн'ето ке зафатит во Македониiа мирна културна работа. Она ке требит од нас устаноуаiн'е арни односи кон сите народности, шчо насел'аваат Македониiа. Нашата интелигенциiа до сега не можа да устаноит наi желател'ните односи мег'у нас и друзите македонцки народности. Тоа отчасти не зависеше од неiа. Така, односите на нашиiот народ кон турците и мусул'маните у опшче поеке iет заисел от последните, отколку од нас: ако мусул'маните гледаа на рисiаните, како на л'уг'е рамни ним, то немат сомнеiн'е, оти не само ке бидеа наi арни односите мег'у рисiани и мусул'мани, ами можит, и да немаше востааiн'е. За сожал'уаiн'е, мусул'маните и до последно време не можаа да се ослободат от своiо стар предрасудок, да гледаат на рисiаните, како на по долна раса од ниф. К'е се надеiаме, оти турцкото праителство и турцката интелигенциiа ке се уверат во сета вреда, шчо причинуат подобен предрасудок и ке се постараат да го искоренат, и со тоа ке попраат односите мег'у рисiаните и мусул'маните.

Добрите односи мег'у грците и нас македонците (словените) пак поеке зависат от првите, от колку од нас. За да се попраат тиiе, грците ке требит да се откажат от своiата „мегали идеiа" и да признаат праото на сашчествуаiн'е и на македонцката народност редом со грцката во Македониiа. Особено патриархиiата, како устаноа вселенцка, требит да престанит да постапуат, како устаноа со грцки характер. Она требит свето да чуат праата на сите рисiани, а не да пожртвуат праата на iедни во полза на друзите. Особено iет нужно, патриархиiата свето да чуат праото на националното сашчествуаiн'е на сета своiа паства. Тогаi ке се избегнит конфликтот мег'у грците и македонците, оти последните не бараат, тиiе, шчо зборуваат грцки, да имаат во своите цркви старомакедонцки iазик, а во