Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/45

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
35
 

ке погледат на тоа согласуаiн'е, како на неизбежно зло. Сегашниiот политичен опит да беше бил у бугарите по напред, ке се пристапеше, прво до раздел'уаiнето на сферите на влиiаiн'ето во Македониiа мег'у срби и бугари, а после во време на востааiн'ето, србцките и бугарцките воiски ке навлезеа во Македониiа. Таков ке бидеше излезот на востааiн'ето при по голем опит мег'у бугарцките дипломати. За наша стрек'а, тоа пат ниiе се избаифме од дележот на таткоината ни и Турцко от загубуаiн'ето на iедна од прекрасните своiи провинциiи.

Востааiн'ето не донесе делеiн'ето на Македониiа: тоа iет положител'ниiот резултат од него. На тоа делеiн'е, стрек'но iет избегнато само от случаiната неопитност на нашите неприiатели. Делеiн'ето ни грозит ушче поеке вo бидно време от по големата опитност на нашите неприiатели: Бугариiа можит да закл'учит со Србиiа догоор за разделеiн'е сферите на влиiаiн'ето во Македониiа. Такво разделеiн'е на сфери на влиiаiн'ето неминуемо ке донесит дележ на Македониiа, ето зашчо, iеден од наi главните долгои на македонцката интелегенциiа iет, да се отстранат еднаш на секога од Македониiа бугарцката и србцка пропаганда, да се оснуат во Македониiа своi дуовен центр за македонците и тоi центр, како и самите македонци, да немаат никакво зимаiн'е дааiн'е со соседните балканцки држаи и народи. Во таiа мера се состоiит предотврак'аiн'ето на дележот на Македониiа и сочувуаiн'ето на таiа провинциiа за Турцко. От тука iет iасно, оти арно сознаiаните интереси на турците и македонците им диктуваат, не да трошат нивните сили во мег'уусобна борба во полза на обшчите нивни неприiатели, ами да си подадат iеден на друг рака, и да отстранат сите фактори, шчо бркаат на нивните приiател'цки односи и обшчи интереси.