Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/36

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
26
 

Тиiе милиони не само сет пропадали до сега без полза, но и имаат поддржуано неприiателство мег’у балканцките држаи, кога тиiе по своiата географцка близост и iеднакви интереси, требит, една со друга да помагаат заiедничното економцко развиваiн’е.

По горе, кога зборуаф iас за неуспео на востааiн’ето, iас рекоф, оти неуспео се должит на частичноста негоа. Іас зборуаф, оти кога се праит востааiн’е од името и во полза на сите македонцки народности, тогаi на тоа требит да се имат полномок’ност и участиiе на сите народности во организациiата.

Сега, кога зборуам iас за истеруаiн’ето на пропагандите од Македониiа, за примируаiн’ето и обiединуаiн’ето на македонцката интелегенциiа и народности, можит некоi да си помислит, оти тоа обiединуаiн’е ке ни поможит да се подигнит iедно обшчо востааiн’е, коiе шчо ке имат по голем успеф. Ке погрешит, коi ке напраит такво закл’учуаiн’е.

Іас ушче по горе рекоф, оти ниiе сме заинтересуани во целоста на Турцко. И вистина, каква полза за нас од присоiединуаiн’ето со Бугариiа, или Србиiа, или Грциiа? Тиiе држаи сет по културни од нас, а како таквиiа само тиiе ке имаат полза од присоединуаiн’ето кон ниф Македониiа. После таквоа присоiединуаiн’е на цела Македониiа до iедна од балканцките држаици не iет возможно - друзите држаици ке побркаат на него. Возможен iет дележот на Македониiа мег’у малите држаици, или окупираiн’ето на Македониiа од Австриiа. Но можит ли да бидит по голема нестрек’а за македонците од раздел’уаiн’ето или окупациiата?

Малечките држаици балканцки без церемониiа ке земат во своiи раци сите дооди од завоеваните части на Македониiа, а македонците ке се обрнат во просiаци, откако си загубат првен своiите национални особини.