Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/35

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
25
 

ке имаме лице и прао, да се надеiаме од нашиiо великодушен господар, да добиiеме полна автономиiа во црковното и сколиiцко дело и полна равноправност пред законо и во местната самоупраа во Македониiа. Таква самоупраа никак не iет опасна за целоста на Турциiа. Напротив она ке уредит односите мег’у македонцките народи во вечни времиiн’а.

И така усилиiата на македонцката интелигенциiа и народо требит да се обрнат на националното соiединуаiн’е на македонцките словени во iедно цело и на соiединуаiн’ето на интересите на сите македонцки народи. Националното и религиозно неприiател’ствуаiн’е требит да станит само iеден жалостен спомин. Солидарната работа на македонцките народности требит да се обрнит кон сочувуаiн’ето на целоста на Турциiа. Во замена на тоа, Турциiа ке раширит праините на сите македонцки народности пред законо и во административното управуаiн’е, и ке покроителствуат на националното развитiе на сите македонцки народности.

Таква мирна програма на македонците ке стретит поддржка и одобреiн’е у великите сили, заинтересуани со сочувуаiн’ето на целоста на Турцко. Великите Сили ке поможат на Турциiа да се оддалечат сите непраини за македонцките народности од националните и верцки пропаганди и да се обезпечит нивното самостоiно сашчествуаiн’е и развиiаiн’е.

Малечките Балканцки држаици, коiи шчо сет заинтересуани и поддржуат пропагандите, на прво време ке се расрдат на Императорцкото Султанцко праителство за тоа, шчо пресече „вековните" привилегиiи, но ке поминит време и они ке се примират со устранеiн’ето на пропагандите, оти тоа устранеiн’е, ке бидит во нивна полза: ке престанат да праiкаат во Македониiа секоiа година своiите милиони франкои, от коiи за ниф никога не iет имало, и не ке имат никаква полза.