Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/31

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
21
 

лепцко-Битолцко-Охридцко), коiе ке требит да се воведит во сите религиозни и национални пропаганди и турцките сколиiи, како задолжителен предмет. Тоа наречiе имат да бидит литературен iазик на македонците.

Ако религиозните и национални пропаганди не посакаат да воведат нашиiо iазик во своите сколиiи, се разбират, оти само тамо, каде живеiат словени, и ако забрануат на своiите учители и попои да другаруат со македонцката интелегенциiа и обшчество од друзите пропаганди, то тогаi македонската интелегенциiа и народ, без разлика на пропаганди, требит да му изнаiдат пат, со коi шчо к’е можит да се накажит таiа пропаганда. Ако таiа пропаганда се вооползуат со музавирлуци против неiните неприiатели, то интелегенциiата требит, да обiаснит на народо недостоiниiо образ на работен’е на таiа пропаганда, и да то повика, сам да се бранит животните своiи интереси. Ако народниiо протест во верцките и сколиiцки работи, во коiи требит обшчините да се признаiат слободни, се покажит од заинтересуаната пропаганда, како бунт со државна боiа и се барат државни мери против бунтовниците, то народо и интелегенциiата требит да се обрнат до консулете, како до третеiцки судиiи.

Ако неколку, или сите пропаганди се воспротиват за тиiа наши бараiн’а и настоiаваат, во сколиiите и црквите да се изучуваат и поминуваат само iазиците на пропагандите, то да се приiмат обшчи и енергични мери против сите и религиозни и национални пропаганди во Македониiа.

Слободиiата на совеста iет признаена на секаде; она iет и ке бидит признаана и каi нас. Експлуатациiата со таiа слободиiа се преследуат на секаде и требит да бидит преследуана и каi нас. Језуитите сет истерани, тукуречи, от сите европеiцки земiи, за тоа шчо екс-