Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/30

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
20
 

признааiн’е на македонцката народност и во внесуаiн’е во нофузите и друзите официiални документи на лица от словенцки произлез од Македониiа името „македонец"; се нуждаат во земелен надел, како шчо беа сел’аните наделени со земiа при отмената на крепостничеството во Русиiа, Галициiа и др. страни. Тука идит и цел ред друзи реформи, во коiи флизаат и тиiа, шчо беа изработени од рускиiо и австро-унгарцки посланици во Стамбул и беа приемени од Н. И. В. Султано.

Задак’ата на македонцката интелигенциiа от сега на тамо ке требит да бидит да се одделат нагледно за сите: и за самите македонци, и за Турциiа, и за Балканските држаи, и за великите сили, интересите на македонците од интересите на друзите балканцки држаи и народи, и да се изучат подробно сите прашаiн’а врзани со избавуаiл’ето на нашиiо народ и нашата таткоина от сегашното големо бедствиiе, и со процветааiн’ето на нашиiо народ во дуовен и материален однос.

Таiа задак’а iет многу тешка и требуат големи заiеднични усилиiа. За тоа изучуаiн’ето на таiа задак’а и исполнуаiн’ето неiно бараат участiе во неiа от сите македонцки словени, без разлика на верцка или нацiонална боiа. За тоа македонцката интелегенциiа требит да престанит да се односит мег’у себе со недоверуаiн’е. От пропагандите, во коiи служит, к’е требит да барат слободиiа, да се наог’ат во постоiано сносуаiн’е со интелегенциiата и обшчеството од друзите пропаганди. Во слободните балканцки држаици, од време на време, македонцката интелигенциiа без разлика на пропаганди, требит да устроiат своiи македонцки собири, на коiи ке се разгледуваат и решаваат прашаiн’а за дуовното и нацiонално процветуаiн’е на македонците. Македонцката интелегенциiа секогаш, кога iет надвор от своiите официални работи, требит да зборуат мег’у себе на централното македонцко наречiе (Велешко-При-