Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/28

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
18
 

само на работи, диктуани од горни сообразуаiн'а и интерес. Тиiа сообразуаiн'а сет само достоiаiн'е на неколцина, туку речи, самозванци, или случаiно испливели на поврхнината македонци. Тиiе луг'е сет вршителите на судбините на Македониiа. Нивната деiателност не подлежит на критика. Ако се осмелит некоi да критикуат деiателноста на таквиiа лица, се решаат да погинит од организациiата. И таква организациiа се кажуат идеална! Разбирам, оти не сите членои можат да знаiат сите работи. Но, ако и имат ограничеiн'а, то ограничениiата требит да бидат разумни. Во организациiата требит да бидат сосредоточени наiдобрите интелегентни сили во Македониiа. Требит да имат луг'е, коiи шчо можат по широко да погледат на прашаiн'ето и да измерат безпристрастно и без увлечеiн'а резултатите на секоi iеден рачкор на комитетцките работи.

Имат ли нешчо подобно во организациiата? Коiи сет во Бугариiа главните предстаители на организациiата? - Татарчев и Матов.

Можит да бидит, оти и iедниiо и другиiо сет луг'е со висок патриотизм и знаiан'е на положеiн'ето во Македониiа. Но тиiе сет приврженци на краiни мери, без да гледаат на политичното положеiн'е. После, како се видит, они мисл'ат за единствено праилна гледна точка на прашаiн'ето за народноста на македонцките словени - бугарцката; а можит, си мисл'ат оти прашаiн'ето за народноста на македонците iет второстепено и ке се разiаснит лесно со ослободуаiн'ето на Македониiа. Но они требит да гледаат во биднината деiствителноста, а не то, шчо им се аресуат.

И сите друзи раководци, како Радев, Станишев, Караiовов и пр. и пр., сет од иста категориiа. Тиiе си мислеа, доста iет iедно заiавуаiн'е, оти Македониiа ке бидит за македонците.