Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/27

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
17
 

самостоiност iет извоiуана со руска крв и руски пари, и да напраит тиiе држаи, да се одвртат од неiа кон друзите западноевропеiцки држаи, и да се чинат во нивните раци орадиiа, напраени против Русиiа? Можит ли Русиiа со своiата политика да оттолкнит от себе балканцките праославни држаи? И шчо добиiат она за таiа загуба? Благодарноста на Бугариiа, можит! Но бугарцката благодарност iет само ден до пладне, а после бугарите ке речат, оти тоа го напраи Русиiа со своiи планои да завладит Балканцки полуостров, спасеiн’ето на коi ке се наог’ат во Англиiа, и за тоа бугарите, на место да се во соiуз со „великата освободителка", ке се фрл’ат во скутоите, или на Англиiа, или на друзите неприiатели на Русиiа и словенството. Значит, при современата поставка на македонцкото прашаiн’е, ниiе очекуафме за наш атар Русиiа со своiи неомислени постапоци, да се откажит од неiните интереси на далекиiот исток, и заiедно со тоа да потрпит поразиiа на блискиiот исток. Арно ама не било така, како шчо мислефме ниiе.

И така неуспехо на востааiн’ето iет iасен, како бел ден. То от самиiо зафаток iет постаено на лоша осноа: не iет обшче македонцко, но iет частично, и имат бугарцка боiа. Во него имаат раководна рол’а само македонцките словени, шчо се викаат бугари. Интелегенциiата, не само на друзите македонцки народности, ами и на самите македонцки словени, беше непричастна во управлеiн’ето на комитето. Комитето, како таiна организациiа, се боiеше да пушчи каi себе равноправни членои од друзи народности, от словени србоманни и гркоманни, или пак и само со србцко и грцко образуаiн’е, от страф негоите таiни да не станат достоiаiн’е на балканцките држаици. Организациiата беше и iет завиiена во таiна, така да долните неiни членои сет слепи орадиiа за исполнуаiн’е