Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/20

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
10
 

тамо ке се видит, каде имат грци, каде - срби, бугари, турци, власи и арнаути. Некоiи ушче прибавуат: и за Источна Румелиiа кажуваа, оти имало грци во неiа, но после ослободуаiн'ето се покажа колку грци имат тамо. Со друзи зобори даiте виiе властта во раците на македонците, тоа требит да се разбират, на тиiе од ниф, шчо се викаат бугари, да од неколку години после виiе ке видите, оти и во Македониiа од друзите народности ке останит тоа, шчо остана од грците во Источна Румелиiа, по ослободуаiн'ето на последната. Со друзи зборои цела Македониiа ке станит бугарцка.

От тука не iет ли iасно, оти Бугариiа и комитето сакаат да создадат „Бугарцка Македониiа" во вреда на друзите рисiанцки македонцки народности?

Ама зашчо бугарцка, зашчо не србцка? Ке станит бугарцка, зашчо и iет таква; да имаше во неiа поеке срби, ке станеше цела србцка и бугарцкиiо елемент ке ослабнеше. Сè тоа iет iасно и спраедливо од бугарцко гледиште. Но нека не се забораат, да имат и друго, и при тоа многу друзи гледишча на македонцкото прашаiн'е, като: србцкото, грцкото, влашкото, руското, словенцкото, австриiцкото и на друзите западноевропеiцки држаи. Ако iет така, то предполаганиiо окупацiонен отред на чиiе гледишче ке требит да станит?

Немат сомнуаiн'е, да наi лесно он ке решит прашаiн'ето за iазико во сколиiа и местна упраа во тиiе места, каi шчо живеiат патриархисти со грцки iазик, арнаути мусул'мани и католици и турци мусул'мани. По мачно ке можит да се решит прашаiн'ето во тиiа места, каi шчо имат: 1, патриархисти арнаути, 2, патриархисти власи, 3, патриархисти словени, 4, словени мусул'мани и 5, екзархисти словени.

Сакаiки да напраат по големо значеiн'ето на словенцкиiо iазик во Македониiа, словените, ке бараат од окупацiониiо отред, да се признаит за официален во