Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/19

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
9
 

вени можеа и да му сочувствуат, но за тоа шчо нивната интелегенциiа беше против комитетот, то немат сомнуаiн'е, оти и самите сел'ани тро му сочувствуваа, но тоа сочувство беше побркано со неувереност и со оомнеiн'е во обешчаiн'ата на комитето. Кон тоа неопределено чувство се присоiедини и страф. Сел'аните се наiдоа мег'у два огнои: воiската и комитетцките чети.

Кога едно движеiн'е, во едни места се распространуало со убедеiн'е, а во друзи со сила, можит ли да се наречит обшчо?

Ниiе можеме да го велиме како сакаме, но во деiствителност оно беше само частично. Оно беше и iет работа на екзархистите, коiи се величаат „бугари", а следователно, тоа iет бугарцки маневр, да се решит македонцкото прашаiн'е само во бугарцка полза; то iет да се создаит iедна „Бугарцка Македониiа".

Можит да не iет ушче iасно, оти, ако се удовлетворат сакаiн'ата на комитето, Македониiа и на вистина к'е се чинит бугарцка? Ќе се постарам да покажам по iасно, како реформите можат да побугарат Македониiа.

Се питат: коi iазик ке бидит официiален? - Одговараат - iазикот на „болшинството". - На коiе болшинство? - Тогаi ке се видит.

Не се запитуваат по тамо: како ке узнаiат, коiе iет болшинството.

Да си предстаиме ниiе сега, оти iа каде Митровден идит мег'ународен отред и окупират страната. Он мег'у другото, ке требит да решит и прашаiн'ето за официiалниiо iазик, а пак да остаиме официiалниiо, прашаiн'ето за iазико во сколиiите.

За некоiи тоа прашаiн'е iет многу лесно: нека се признаiат неколку официални iазици т. е. и турцки, и бугарцки, и србцки, и грцки, и влашки, и албанцки, според населеiн'ето на областа. Зборуваат при тоа: како шчо беше во Источна Румелиiа (Южна Бугариiа), а