За праописот као и за праецот на нашето културно развиiаiн'е ке требит тука да се напраат неколку забелешки. Праописот на iеден iазик, као и изработуаiн'ето на iеден литературен iазик можит да идит постепено и полусознател'но. Iеден чоек од iеден народ, шчо немат пиоменост, можит да изучит азбуката од iеден народ по културен од негоиiот. Тоi чоек можит да употребуат туг'ата азбука и за гласои од негоиiот iазик, или да изложит своiите мисли со помок'та на туг'а азбука. Но ако во негоиiот iазик се имаат гласои, коiи се немаат во iазикот, от коi шчо се позаiмуат азбуката, тогаi позаiмуачот на туг'ата азбука ке напраит некоiи изменеiн'а и дополнеiн'а во неiа, со коiи ке бидит означена разликата во гласоите мег'у двата iазика. Таiа позаiмена и преработена азбука се предаат от колено на колено и со предаiн'ето сé се изменуат и се дотеруат до своiствата на iазикот на позаiмуачите. Така постепено и неосетно се изработуваат азбуките у по некултурните народи од додир со по културни народи. Но таква постепеност имат место, ако два саседни народи сет во не iеднакви политични прилики, ке се речит, iедниiот, т.е. по културниiот народ гооподаруат, а другиiот, по некултурниiот народ iет заробен, или наi малу немат полна политична слободиiа. Но инак одат работите, ако двата народи имат своiи држаи. Во таков случаi позаiмуаiн'ата, особено културните, биваат по сознател'но и по скоро. Така рисiанството и писменоста каi нас македанците се имат зафатено наi рано от сите словенцки народи. Они се распространуваа со векои и идеа одоздолу на горе. За тоа во историiата нишчо не се зборуат за покрстуаiн'ето на нашиiот народ. Но со покрстуаiн'ето секоi пат имат идено и писменоста. Со замолчуаiн'ето на нашето покрстуаiн'е се замолчуат и процесот на образуаiн'ето на нашата пиеменост.
Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/152
Изглед