Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/151

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
141
 

како во географцки, така и во етнографцки однос. Централен град во Македониiа ни iет Велес. От тоi центр географцки, ниiе само мало се оддалечуаме, идеiки преко Прилеп кон Битол'а и Орид. Таков праец при оддалечуаiн'ето од географцкиiот центр се обiаснуат со тоа, оти тиiе краiишча сет от по големо историiцко значеiн'е за Македониiа, а од друга, сет по оддалечени и от србцкиiот и бугарцкиiот iазикои центри, состауаiки от себе македонцки iазиков центр. И вистина диалектот Велешко-Прилепцко-Битол'цко-Оридцки iет iатката на македонцкиiот iазик, зашчо на запад од него iет Дебранцкиiот (рока), на iуг - Костурцкиiот (ронка), на исток - источниiот или Солунцкиiот (ръка) и на север - Скопцкиiот или северниiот (рука).

Создааiн'ето литературен iазик iет дуовна потребност каi нас, со коiа се мислит да се клаит краi на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси, и со коiа требит да се создаит своi литературен и научен центр, за да се немат нужда од Белград и Софиiа. А та тешка задак'а ке се достигнит само, ако македонецот от северна Македониiа подаит рака на своiот брат од iужна Македониiа, и македонецот од источна Македониiа подаит рака на тоi од западна. Подадените раци к'е се прекрстат около Прилеп -Битол'а .

И така: стремеiн'ето на македонците да создадат своi културен центар; тоа шчо сега Битол'а се чинит престолнина на Македониiа; шчо Битол'а, Орид, Прилеп сет историiцки места за македонците; као и тоа, шчо состауваат они географцки и iазичен центр; сите заiедно праат да се приiимит, као обшч македонцки литературен iазик, централното македонцко наречиiе.

Откако се изберит наречиiето, коiе имат да бидит македонцки литературен iазик, ке требит да се разгледат и прашаiн'ето за македонцкиiот праопис.