Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/142

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
132
 

Неколку зборои за македонцкиіот литературен іазик


Во четирите горни статиiи на оваа книга iас сакаф да обрнам погледите на моiите сонародници на нуждата од iедно корено изменуаiн'е на досегашниiот процес на нашето дуовно развиiаiн'е, као и на тоа да моiите возгледи во тоi случаi не сет нешчо ноо и безосновно, а сет само чекор напред во досегашното развиiаiн'е на нашето национално самосознаiн'е и да сет затоа сосем природни и осноател'ни.

Се разбират, оти во iедна мала книга, као шчо iет оваа моiата, не се можат подробно да се разгледаат сите задирнати прашаiн'а. За секоiе од ниф би се можела да напишит по iедна цела книга. Но сега за сега от таквиiа подробни разгледуаiн'а за задирнатите питаiн'а се немат ушче голема и неотложна нужда; за тоа требаше за сите од ниф да се кажит по неколку зборои, зашчо они iедно без друго сет неiасни и неразбирливи. Осем разгледуаiн'ето на сите задирнати прашаiн'а, за да бидит iасно поiауаiн'ето на книгата, сега ке требит да се кажит неколку зборои за своiевременоста на книгата и нашиiот литературен iазик.

Мнозина, можит, ке речат, оти вистина арно iет чоек да се позамислит над прашаiн'ата, задирнати во таiа книга, но сега ушче не му iет времето. Со оваа книга, ке речат они, се носит раздор и разiединуаiн'е мег'у нас, на место соiединуаiн'ето, коiе сега за сега ни iет така нужно. За македонцка народност, македонцка литература и литературен iазик ниiе ке можиме да му мислиме само, кога к'е заживеiеме iеднаш слободен политичен живот; а до тогаi нам ни требит, ниiе да сме соiединени и да остаиме на страна националното прашаiн'е.