Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/141

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
131
 

и самостоiниiот политичен жиот iет удел на iедно исто словенцко населеiн'е и на iеден и исти народ, то ке бидит iасно, оти, тврдеiн'ето да Македониiа не состауала географцка, етнографцка и историiцка целина iет осноано не на деiствител'носта, а на србцките есапи за Македониiа.

Тоi згорен поглед на историiата на Македониiа ми се чинит, не само да покажуат, да ниiе македонците имаме своiа историiа и да сме народ, судбите на коi шчо се разиiале во врска со судбите на друзите саседни нам народи, но и да имат во нашата историiа много самобитно и своiеобразно, као шчо iет да речиме самостоiната Охридцка архиепископиiа, со неiното работеiн'е на полето на народното просветуаiн'е. Исто така тоi историiцки поглед покажуат, да готоо во сите времиiн'а се забележуат силно работеiн'е на народниiо дух на културно-историiцка осноа, резултата на коiа се iауват образуаiн'е на силна македонцка држаа од цар Самуил и богата народна литература.

А ако Македониiа до сега со мали исклу'чеiн'а се iет развиiала оддел'но од Бугариiа и Србиiа, то она можит да чинит и за однапред, ушче поеке, шчо пропагандите: бугарцка и србцка употребуваат сите и дозволени и не дозволени стретства да искоренат во нашиiот народен жиот се самобитно, се чисто македонцко. Самосталното политично развиiаiн'е на Македониiа iет необходност, као нешчо, без коiе ниiе не ке располагаме со доста стретства да се бориме со пропагандите за сочувуаiн'е од ниф нашата национална самобитност.