живото и смртта на сите граг'ани и не приемаше никаква критика на своите постапоци. Тиiе, шчо не сет со него, сет против него и сет негои неприiатели, коiи требит да се истребат. Да критикуат работите на комитетот можеше само друг' комитет, коi шчо располагат со сила. Организациiа пак на контр-комитет беше и доцкна и безполезна. Мег'у комитетите тогаi ке се зафатеше погубна мег'уусобна борба.
И така борбата се зафати против требуаiн'ето на секо благоразумiе. Она даде многу резултати, само не тиiе, шчо се очекеуваа. Мег'у сите iавуаiн'а, коiи сопроводуат движеiн'ето, наi големо вниманиiе заслужаат руското „Праителствено Сообшчуаiн'е" от 11 Септем. т.г. . После него представуаiн'ата од рускиiо и австро-унгарскиiо посланици до Портата и во Софиiа и писмото на англиiскиiо министр-президент Бал'фур до Кентребериiцкиiо архиiепископ.
„Праителственото Сообшчуаiн'е" заiавуат, оти руското праителство, ке барат за Македониiа тиiа реформи, коiи сет изработени во месец Февруари од Зиновiев и Каличе и оти тиiе реформи сет само зафатокот и ке бидат развиiени понака сообразно со нуждите на жителството. Тоа место беше и во февруарцкото Праителствено сообшчуаiн'е. Не покажуат ли оно, оти по широки реформи от тиiе, шчо ни беа дадени ке можефме да добиеме и без револ'уциiа, а само со ловки мали народни движеiн'а? Ако iет така, то сегашното востааiн'е ни на iедна iота не измени положеiн'ето.
Но во Праителственото Сообшчуаiне имат ушче iедно много важно место: револ'уционите комитети, по изражуан'ето на руското праителство, сакаат да создадат „Бугарска Македониiа", а Русиiа, за коiа сет блиски и интересите на друзите рисiанцки народности во Македониiа, не можит да пожртвуат нивните интереси на бугарите.