Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/13

Од Wikisource
Оваа страница е потврдена.
3
 

Ушче во време на февруарцкото руско официално известуаiн'е беше iасно, оти Европа никоi пат не ке удовлетворит во полна степен бараiн'ата на комитето. За да се исполнат нашите сакаiн'а требуаше да се воiуват со Турциiа; само после наддел'уаiн'е ке можеше да се натерат Турцко да исполнит нашите сакаiн'а. А се наддел'уат Турцко не од нас и не од Бугарцко, ами или од Голема Сила, или от нас и Бугарцко, Србцко и Црна Гора заедно, при неутралноста на друзите држаи. А ни iедното, ни другото тогаi за тогаi не беше мислимо. Комитетот тоа требаше да знаит и мисл'ам го знаеше. Но негоите раководци мислеа друго: они во биднината, како и во сегашното, видеа само тоа, шчо им iет приiатно да видат. Они велеа: „ниiе не сакаме, ни iедна држаа да воiуаат за нас: они можат просто да отпраат своите флоти во Солун и да принудат Турцко да ни даит реформи. Ниiе сакаме да напраат и со Македониiа, шчо напраиiа со Крит". Не iеднаш сме спориле, оти имат разлика мег'у Крит и Македониiа, оти имат држаи, коiи сет заинтересуани во Statu quo-то и ке напраат се возможно да немат набркуаiн'е во наша полза. Та и да имат набркуаiн'е, имат ли се осноа да се мислит, оти тоа набркуаiн'е ке бидит во наша имено полза, а не на наша пакост? Се покажуаше, оти сегашниiо момент iет наiнеблагоприiатен за востааiн'е. Но нашите раководци замижеа пред вистината и востааiн'ето се зафати; се зафати славно, за да се довршит плачевно и пагубно. Не беф iас сам, шчо гледаф на предвременоста на востаiн'ето. Така гледаа и мнозина друзи. Но никоi не си креваше гласот против. Критиката на држаiн'ето на комитето беше само во домашните крагои. Но она беше и безполезна па и опасна, не само за тиiе, коiи се критикуваат, ами наi после за тиiе шчо критикуваат: Комитетот беше сесилен; он имаше во своите раци