25 години, као живеiеме ниiе македонците одделен жиот од бугарите. Мег'у бугарите и нас имат многу малу обшчи интереси сега. Македониiа iет нужна за Бугариiа, затоа последната праiк'ат во првата катагодина милион франкови и содржат на служба многу македонци. Бугариiа пак iет нужна за македонците, зашчо во неiа македонците ке добиiат место и ке експлуатираат со нивните „бугарцки" чувства. Значит, во течеiн'е на последните 25 години односите мег'у Бугариiа и Македониiа почиваат, не на почва на iеднакви традициiи и задаки, а на чисто трговцка осноа, т. е. iедеiн'от го експлуатират другиiот.
Значит, името бугарин во Македониiа, со коiе сега експлуатираат бугарите, никак не iет национално, и затоа никоi од македонците немат прао со него да експлуатират македонцките интереси во негоа полза. Никоi не ни имат дадено прао заради него да ни се набркуваат бугарите во нашите работи. Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се велеле по недоразбериiа бугари, то ушче не значит, оти и iас требит да сум као ниф во мрак за моiата народност; ако се велеле ови бугари, то не значит, оти ниiе ке требит да престаниме да веруаме во русите за атар на разни Стамбуловци и Свирчовци, на место, заiедно со нашата пролиiена крв, ниiе да си бараме праото от каi шчо требит, да допушчиме да ни се бркаат во работите л'уг'е, коiи шчо и сами не знаiат, шчо бараат; ако се велеле моiите дедовци бугари, ушче не значит, да iас имам прао да експлуатирам македонцките интереси со издааiн'е ноини, коiи на место да бранат интересите на нашиiот народ, и бранат бугарцките и интересите на бугарцкиiот кн'аз. Нашите дедовци, велеiки се бугари и не мислеле, оти ниiе ке праиме от тоа име капитал, за да се наiадиме, напиiеме и облечеме со него.
Значит, у македонците името бугарин iет фал'шлива монета, со коiа они плаiк'аат и на Бугариiа и неiниiот