Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/135

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.
125
 

географцки беа многу близо и iеднакво се третираа от турците и грците. Последните две беа одделени от првите три и беа во по инакви односи кон турците и грците. За тоа првите три, iедно 'се пробудиiа, зафатиiа да живеiат со обшчи идеали, а вторите две со друзи, пак обшчи.

Но, ако при националното разбудуаiн'е на македонците, имахме друг вид на политичната карта на Балканцкиiот полуостров, то македонците ке работеа сосем инак. Ако беше Бугариiа со Тракиiа слободна, а Србиiа заiедно со Македониiа поживеiеше 50 години при едни исти условиiа, то македонците ке работеа заiедно со србите, а не со бугарите. Исто така македонците можеа да работат и заiедно со грците, да можеа грците да работат по умно и да беше само Грциiа и Македониiа под Турцко около 50 години, кога сите друзи балканцки земi'и би биле слободни.

Бугарцкото име во Македониiа, значит, iет резултат на лошото третираiн'е на македонците от страна на грцкото дуовенство. Грците унишчиiа Охридската архиепископиiа за тоа, шчо се упоминуаше името „бугарцка", како историiцки reliquium, но употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко. И имено тоа воплотеiн'е на грцкото презреiн'е кон нас и iет причината да се велиме „бугари", а не историiцките традициiи. Последните напротив нишчо не ни зборуваат за бугарите, а поеке за србцкото име во Македониiа. Значит не крстиле „бугари" грците без да не питаат нас, и ниiе, немаiки време да гледаме и да му наiдиме мана на името, си го усвоiифме.

Ако iет така, а инак и не можит да бидит, то iасно iет, оти името бугарин не зборуат ушче за бугарцка народност во Македониiа. Тоа име сега се поддржуат во Македониiа искуствено, као шчо и се насадуат тамо во наi ноо време името србин. Името бугарин во Македониiа сега немат место, зашчо веке цели