Прејди на содржината

Page:За македонските работи - Крсте Петков Мисирков.djvu/110

Од Wikisource
Оваа страница е прегледана, но треба да биде потврдена.

Состауала, состауат и можит ли Македониіа да состауат от себе оддел'на етнографцка и политична іединица?


Во трите горе изложени статиiи iас разгледаф наi важните за мене, па ми се чинит, и за сите искрени патриоти прашаiн'а. Мисл'ам, оти читачот без коментариiи ке разберит, шчо сакаф во ниф iас да речам.

Но се, шчо рекоф iас во ниф, ке си останит без убав фундамент, ако не се разгледат некоiи теориiцки прашаiн'а, от праил'ното постааiн'е на коiи ке зависит успеот во нашето обшчо работеiн'е во полза на нашата таткоина и нашиiот народ.

Мнозина ке се запитаат: за каков национален сепаратизм овде се гоорит? не се мислит ли да се создаат сега ноа македонцка народност? Но тоа нешчо iет искуствено и као такво ке траiит ден до пладне. Ами каква ноа т. е. македонцка народност, кога ниiе, нашите татковци, дедои и предедои се велеле бугари? Али македонците во нивната историiа проiауале некаква обшча работа политична и дуовна? Како се односуале они кон друзите народности балканцки и обратно? Во таiа статиiа iас ке се постарам да одгоорам на тиiа и много друзи подобни прашаiн'а, и со тоа по моiата сила да разiаснам научните оснои на националниiот сепаратизм, као и да покажам; на непраилноста на тиiе возразуаiн'а, коiи се стаат од негоите противници, коiи со тоа сакаат да компромитираат него, као нешчо искуствено.

Іедно от првите прашаiн'а, шчо ке постаат противниците на националното обединуаiн'е и возродуаiн'е на македонците ке бидит: каква македонцка словенцка народност? Никога немало македонцка народност, ке